16 Јули, 2024
0.0298

ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПОЧНА СО РАБОТА: Мецола старо-нова претседателка, револт меѓу европратениците по патувањата на Орбан

Објавено во: Свет 16 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Мнозинството пратеници во Европскиот парламент ја изгласаа малтешката политичарка, Роберта Мецола повторно за претседателка, со што таа добива нов мандат од две и пол години на чело на Европскиот парламент, а со тоа Мецола станува ново стара претседателка.

Неа ја поддржаа не само членовите на владејачката коалиција, која ја сочинуваат пратеници од Народната партија, социјалдемократите и либералите, туку и голем дел од конзервативците предводени од италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Потпретседателската функција, како и одредени комисии, бараат и членови на новопромовираната десничарска група Патриоти за Европа, но владејачкото мнозинство го најавува таканаречениот санитарен кордон, односно ќе спречи ултра - десничари од стекнување на влијателни позиции во парламентот.

Конститутивната седница на ЕП продолжува во среда, со дебата на пратениците со Шарл Мишел, а пред се за таканаречената мировна мисија на унгарскиот премиер Виктор Орбан, за која се вели дека се врши еднострано во име на ЕУ.

Првите чекори во таа насока се веќе иницирани, па Европската комисија одлучи да не испраќа комесари на состаноци во Унгарија, а неофицијално се шпекулира дека Жозеп Борел планира да закаже средби во друга земја за време на унгарското претседателство.

Во четврток е планирана дебата со Урсула фон дер Лајен и гласање за нејзината кандидатура за нов мандат на чело на Европската комисија.

Членовите на Европскиот парламент побараа да и се одземе правото на глас на Унгарија во ЕУ поради патувањата на премиерот на таа држава во Русија и Кина, објави „Политико“.

Во писмото добиено од уредниците на публикацијата, 63 европратеници им се обраќаат на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и на претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.

Во него тие пишуваат дека унгарскиот премиер Виктор Орбан „веќе нанел значителна штета користејќи и злоупотребувајќи ја улогата на претседавањето со ЕУ“.

Унгарија го презеде ротирачкото претседавање со Советот на ЕУ од Белгија на 1 јули. Оттогаш, Орбан презема соло „мировни мисии“ во Киев, Москва, Пекинг и Вашингтон и, без да биде овластен да го стори тоа, тврди дека ја претставува ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

КАКО ТРАМП ЌЕ РЕАГИРА НА РУСКАТА ИНВАЗИЈА АКО ПОБЕДИ: Еве што тврди Орбан

КАКО ТРАМП ЌЕ РЕАГИРА НА РУСКАТА ИНВАЗИЈА АКО ПОБЕДИ: Еве што тврди Орбан

МАСК ЌЕ ДАВА 45 МИЛИОНИ ДОЛАРИ МЕСЕЧНО ЗА КАМПАЊАТА НА ТРАМП: „За супер политичка акција“

МАСК ЌЕ ДАВА 45 МИЛИОНИ ДОЛАРИ МЕСЕЧНО ЗА КАМПАЊАТА НА ТРАМП: „За супер политичка акција“

ЕВЕ КАКО ОРБАН ЌЕ ЈА ПЛАТИ ПОСЕТАТА НА РУСИЈА И КИНА: Ќе остане ли Унгарија без право на глас?

ЕВЕ КАКО ОРБАН ЌЕ ЈА ПЛАТИ ПОСЕТАТА НА РУСИЈА И КИНА: Ќе остане ли Унгарија без право на глас?

КОЈ Е ЏЕЈ-ДИ ВЕНС?!: некогашниот огорчен критичар на Трамп стана негов потпретседател

КОЈ Е ЏЕЈ-ДИ ВЕНС?!: некогашниот огорчен критичар на Трамп стана негов потпретседател

ОРБАН ПОВТОРНО ПРЕДИЗВИКА „БУРА“ ВО БРИСЕЛ! Драстична одлука во однос на Унгарија, пристигна жестока реакција и од Будимпешта

ОРБАН ПОВТОРНО ПРЕДИЗВИКА „БУРА“ ВО БРИСЕЛ! Драстична одлука во однос на Унгарија, пристигна жестока реакција и од Будимпешта

Ракот на дојка однесе уште една жртва, моја врсничка: Лила порачува – „Редовните прегледи се најважни и не оставајте ништо за утре“

Ракот на дојка однесе уште една жртва, моја врсничка: Лила порачува – „Редовните прегледи се најважни и не оставајте ништо за утре“

ИСПЛИВА БИЗАРНАТА ЈАХТА НА КИМ ЏОНГ УН - Има огромен базен и два големи тобогани

ИСПЛИВА БИЗАРНАТА ЈАХТА НА КИМ ЏОНГ УН - Има огромен базен и два големи тобогани

Температурата на морето во Будва е 28,1 степен, највисока во последните 10 години

Температурата на морето во Будва е 28,1 степен, највисока во последните 10 години

КРАЛОТ ЧАРЛС И КРАЛИЦАТА КАМИЛА ИТНО ЕВАКУИРАНИ - откриена опасност, но се работело за лажна тревога

КРАЛОТ ЧАРЛС И КРАЛИЦАТА КАМИЛА ИТНО ЕВАКУИРАНИ - откриена опасност, но се работело за лажна тревога