20 Декември, 2025
0.0425

Европскиот универзитет на Бојо Андрески остана без професори, замените веднаш пронајдени?

Објавено во: Економија 30 Март, 2013 07:23

Добивај вести на Viber

27 професори и асистенти од Европскиот универзитет си заминале од професорските места поради неисплатени плати, јави Телевизијата 24 вести. Информацијата, за телевијата ја потврдуваат професорите кои напуштиле, но засега сакаат да останат анонимни. Според нив, последните две плати ги добивале на рака и не им биле исплаќани никакви придонеси. Сопственикот на колегиум ги информирал дека сметките му се блокирани и дека не може да ги исплаќа до јуни, по што повеќето од професорите и асистентите одлучиле да си заминат, објави телевизијата. Студентите на Европскиот универзитет, потврдиле дека дел од професорите навистина заминале и велат дека веднаш им била најдена соодветна замена. Од Министерството за образование велат дека  се информирани за заминувањето на група професори, но не знаат дали им е најдена замена и што се случува со предавањата. Од Просветникот инсперкторат, пак, велат дека во тек е инспекциски надзор и повеќе детали најавија за следната недела. На Европски има шест факултети  во прв и втор циклус на студии, со просек по 40 предмети по факултет. Во случај секој од професорите да држи по најмногу 8 предмети, тогаш секој факултет треба да има по пет професори или за шесте факултети во двата циклуси вкупно 30 професори. Во законот има уште една нејаснотија околу  тоа дали сите професори мора да се во редовен работен однос, а јасно е определено и дека хонорарно професори  може да се регрутираат само од други универзитети или факултети со кои Европски има договор. Одговорот на сите овие дилеми треба да го даде Просветниот иснпекторат, објави телевизијата.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба