20 Декември, 2025
0.2152

Европските акции бележат пад, лидерите ги пеглаат мерките за штедење

Објавено во: Свет 15 Март, 2013 21:10

Добивај вести на Viber

Европските акции се намалија денеска откако стана јасно дека потрошувачката доверба во САД бележи влошување за месец март, а истовремено се води и дебатата на европските лидери за мерките за штедење во Унијата. Паневропскиот „Stoxx Europe 600“ се намали за 0,4% до 297 поени. Од почетокот на годината, сепак  индексот се зголеми за 6,3%, откако во САД беше постигнат договор за буџетот на почетокот на годинава. Денеска и германскиот „DAX 30“ се намали за 0,19% до 8 043 поени, „FTSE 100“ регистрираше пад од 0,6% до 6 490 поени, а во Франција „CAC 40“ падна за 0,71% до 3 844 поени. „По импресивните перформанси во последните недели берзата се забавува. Економските индикатори во САД се добри, но пазарите имаат потреба од пауза ", прокоментира за „Bloomberg“, Гијом Душесо од „BGL BNP Paribas SA“. На денешната средба на Советот на Европската унија лидерите на земјите-членки одлучија да не се откажат од политиката на строга финансиска дисциплина, но се согласија да бараат начин за намалување на социјалната цена која се плаќа за економиите,како и за преземање на мерки за раст и откривање на нови работни места. Лидерите на земјите од ЕУ поддржаа и т.н. „структурни буџетски проценки“. Тоа значи дека на земјите како Франција, Шпанија и Португалија веројатно ќе им се даде повеќе време да усвојат буџетски дефицит според барањата на европското законодателството. „Ако се воведе преголемо штедење, ќе има и голема невработеност", коментираше претседателот на Франција, Франсоа Оланд кој додаде и дека е потребна флексибилност за растот да биде приоритет". Вечерва министрите за финансии на земјите од еврозоната ќе разговараат за спасувачката програма за Кипар, која треба да биде подготвена до крајот на месецов. „Не можам да замислам да дозволиме средбата да помине без решение на проблемот на Кипар“, рече премиерот на Луксембург,  Жан-Клод Јункер. Истовремено од САД дојдоа лошите вести за потрошувачката доверба. Претходните евалуации на „Thomson Reuters University of Michigan“ покажуваат дека индексот, кој ги одразува ставовите на американските корисници се намали до 71,8 поени во март од 77,6 поени во февруари. Економисти очекуваа индексот да порасне до 78 поени.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја