Европските вредности – предизвик или реален сон?
Објавено во: Колумни 10 Мај, 2013
Чествувањето на денот на Европа-деветти мај и одбележувањето на денот на победата против фашизмот помина во духот на скромни манифестации кај нас, кои ни оддалеку не се во склад со значењето и важноста што ја има овој датум. Шаблонизирано и стандардно говорче на некој политичар, во кое се велича Европа како посакувана цел, приеми во организации кои го носат предзнакот европски и на кои дефинитивно повеќе помпезно се поздравуваат и ракуваат и со доза на сериозност дискутираат за итноста и насушната потреба за приклучување на нашата држава кон големото европско семејство, мала медиумска презентација на сите претходни случувања кои секако го ставија акцентот на протестот кој се случуваше пред седиштето на Делегацијата на ЕУ за Македонија организиран од фронтот за слобода на изразување. Она што можеше да се чуе и види беа излитени фрази, веќе слушнати флоскули и ставови поткрепени со аргументи за неминовно наше приближување кон ЕУ. Веќе од утре сигурна сум дека сите тие реторики-веќе видени ке се маргинализираат, на површина ќе испливаат некои нови потреби и дејанија кај нас и во заборав ќе остане целта и потребата за чествувњето на тој ден.
Етноцентризмот наспроти европоцентризмот, глобализација наспроти национална индивидуализација Гледајќи и анализирајќи кај мене се јави збунетост од миноризацијата на сегменти кои се суштествени кога станува збор за Европа и Европската Унија, а кои првенствено значат појаснување, елаборација и дискусија за европските вредности и за правата и одговорностите кои со себе ги носи членството во посакуваното европско семејство. Ми остана горчина во душата слушајќи здраворазумски тези за значењето на ЕУ, одејќи од крајност во крајност, при што едни со доза на сериозна загриженост укажуваа малтене на апокалиптичен след доколку не сториме се со цел побрзо придружување кон Европската унија до оние кои на малку лаички начин ја отфрлаа ад-хок секоја идеја за членство кон Европската унија-алудирајќи на губењето на сопствениот идентитет доколку итаме кон членство. Она што ми недостасуваше во сета таа приказна е суштинска дебата, и тоа не само на деветти мај, туку и след цела година за суштествените европски вредности и европски перспективи, за правата, обврските, придобивките и отстапките шти треба да ги направиме доколку сакаме сериозно да се приближиме кон членство. За мене, а се надевам и дека за голем број граѓани, се уште останаа да лебдат во воздухот низа прашања кои се однесуваат на идентитетскиот дискурс, односот на малите кон големите земји, етноцентризмот наспрем европоцентризмот, глобализација наспроти национална индивидуализација, изделување и зачувување на сопствените национални и културни вредности, сопствена алиенација во духот на прифаќање на вредностите и нормите на поинаквите, ставовите кон етнички, културно и религиски другиот, и низа други прашања за кои и те како е потребно да се говори отворено и аргументирано да се изнесат на маса сите про и контра аргументи. Уште колку ли работи останаа недоречени Она што исто така ми остави чемер на душата е неприкладното чествување на денот на ослободувањето од фашизмот. Како внука на борец, но и граѓанка израсната и изградена со вредности кои во сржта го носат слободарскиот дух, честа, почитта, патриотизмот и праведноста не можам да останам нем сведок на млакоста со која кај нас се проговори и се стори нешто за да се укаже на значењето што за нас го има овој ден. Скромно положување на свежо цвеќе на паднатите борци без орно и гласно да се изговори за заслугите што тие ги имаат, без да се направи серија на трибини, емисии во кои ќе се говори за идеите за слобода, мир и толеранција кои и денес и те како ни се потребни и се актуелни, во кои на пиедестал на најзначајното ќе се издигне вистинскиот патриотизмот и како тој се покажува и докажува на дело, серијал на јавни дебати на кои ќе се зборува за фашизмот како зло на дваесеттиот век и начините како се сака и се бори за сопствената држава.... Уште колку ли работи останаа недоречени, но ќе заклучам дека денес во ова време-невреме и те како треба да се говори за вистинскиот и докажан патриотизам и за начините за ширење на слободарските идеи, ослободени од сите товари и премиси кои ги носи времето кое го битисуваме. Д-р Татјана Стојаноска Иванова Институт за социологија Филозофски факултет Скопје* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.