ЕВРОПСКИОТ СУД НА ПРАВДАТА ЈА КАЗНИ УНГАРИЈА СО 200 МИЛИОНИ ЕВРА - еве што им одговори Орбан
Објавено во: Свет 13 Јуни, 2024 13:59
Европскиот суд на правдата и наложи на Унгарија да плати 200 милиони евра одеднаш бидејќи долго време го ограничуваше законот на ЕУ за азил. Дополнително, Унгарија ќе треба да плаќа по еден милион евра дневно доцнење.
Парите автоматски ќе се одземат од уделот на Унгарија во буџетот на ЕУ, чии делови остануваат замрзнати поради слични правни проблеми, пишува Euronews.
Неисполнувањето на обврските претставува исклучително и сериозно кршење на правата на ЕУ без преседан, се вели во соопштението на ЕСП.
Спорот датира од декември 2020 година, кога судот прво пресуди дека Унгарија, под премиерот Виктор Орбан, го ограничила пристапот до процедурите за азил за оние кои бараат меѓународна заштита во таа земја. Унгарските власти се обвинети за незаконско задржување на апликантите во транзитните зони, кршење на нивното право да останат на националната територија додека се жалат на одбиените барања и за нивно протерување.
Откако Унгарија ја игнорираше пресудата од декември 2020 година, Европската комисија започна нова правна постапка, што резултираше со пресудата во четвртокот.
Судиите заклучија дека Унгарија го занемарила „принципот на искрена соработка“ и дека „намерно ја избегнува“ примената на законодавството на ЕУ за азил.
„Тоа однесување претставува сериозна закана за единството на правото на ЕУ, што има исклучително сериозно влијание и врз приватните интереси, особено врз интересите на барателите на азил, и врз јавниот интерес“, велат судиите.
Бидејќи акцијата на Унгарија врши дополнителен притисок врз соседните земји-членки, кои треба да се грижат за мигрантите протерани од Будимпешта, кршењето на законот „сериозно го поткопува принципот на солидарност и правично споделување на одговорноста“, се вели во извештајот.
Но, ваквата одлука не ги остави рамнодушни првите луѓе на земјата. Одговор следуваше од Виктор Орбан, кој во свој стил посочи дека на ЕУ и се поважни азилантите отколку самите државјани.
Еве што објави тој на социјалната мрежа „Х“:
The #ECJ’s decision to fine #Hungary with 200M euros plus 1M euros daily(!!!) for defending the borders of the European Union is outrageous and unacceptable. It seems that illegal #migrants are more important to the Brussels bureaucrats than their own European citizens.
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) June 13, 2024
Можеби ќе ве интересира
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса




