Евростат: Европа старее!
Објавено во: Свет 26 Март, 2013 19:42
Наталитетот паѓа, населението продолжува континуирно да старее населението, а податоците се загрижувачки, констатира Евростат. Од 1 јануари 2012 година населението во ЕУ изнесува 503,7 милиони, што е за 6 проценти повеќе во однос на 1992 година. Истовремено, процентот на луѓе над 65 години се зголемува од 14 проценти во 1992 на 18 проценти во 2012 година.
Истражувањето покажало и дека бројот на бракови се намалува, разводите се зголемуваат, а се раѓаат се поголем број вонбрачни деца. Околу 40 проценти од децата во ЕУ во 2011 година се вонбрачно родени.
На ниво на ЕУ бројот на млади под 15 години, кои зависат од работоспособни возрасни лица, изнесува 23,4 проценти. Истовремено процентот на лица над 65 години кои зависaт од работоспособното население изнесува 26,8 отсто.
Просечната стапка на млади и стари лица кои зависат од работоспособното население во ЕУ изнесува 50,1 отсто.
Според податоците на Евростат, најмногу бракови на 1.000 лица во 2011 година имало во Кипар 7,3, а најмалку во Бугарија 2,9. Најмногу разводи во 2011 година имало во Литванија 4 нa 1.000, а најмалку во Малта 0,1.
Естонија има најголем процент на вонбрачно родени деца во ЕУ, околу 60 отсто. Следат Словенија со 57 проценти, Бугарија со 56,1 и Франција со 55,8. Најмалку вонбрачно родени деца има во Грција 7 отсто, Кипар 17 проценти и Полска 21 отсто, информираат од Евростат.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




