Добивај вести на Viber
На девизните пазари, размената на еврото во однос на доларот минатата недела достигна највисоко ниво во последните три недели, благодарение на инвеститорите кои се надеваат дека Грција наскоро ќе добие нова транша од меѓународна помош, додека јенот е под силен притисок на предвремените парламентарни избори во Јапонија. Девизниот курс на еврото во однос на американската валута зајакна минатата недела за 1,8 проценти на 1,2975 долари што е највисоко ниво во три недели. Во однос на јапонската валута, цената на еврото се зголеми, 3,2% или на 106,9 јени, што е највисоко ниво во последните седум месеци. И доларот зајакна во однос на јапонската валута, до 1,4% и достигна до 82,4 јени, што е блиску до неговото највисоко ниво од почетокот на април.
Минатиот вторник министрите за финансии во еврозоната, претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската централна банка не успеаја да постигнат договор за модел за намалување на грчкиот долг и доделување на новата транша од помошта за Грција. Сепак, се чини дека договорот е при крај, а инвеститорите се надеваат дека на состанокот следниот понеделник конечно ќе биде постигнат консензус. Благодарение на тоа, еврото зајакна, иако мало колебање донесе Мудис кој го намали за еден степен кредитниот рејтинг на Франција, втора по големина економија во еврозоната
Не е изненадување, ни тоа што еврозоната пак е во рецесија. Меѓутоа, на пазарите позитивно влијаеше зајакнување на индустриската активност во САД и Кина, најголемите економии во светот
Сепак, среднорочните економски изгледи за 17-члената Унија остануваат лоши. Во такви околности, можно е и понатаму да се ублажува монетарната политика во еврозоната, што пак ќе притиска врз еврото.
„Додека краткорочни ризици поврзани со Грција исчезнуваат, ќе се задржат среднорочните ризици поврзани со слабиот раст и неисполнетите зацртани висини на долгот. Сето ова и понатаму ќе влијае силно врз девизниот курс на еврото", изјави Пол Робсон, стратег за девизи во „RBS“ банка.
Сепак аналитичарите предупредуваат дека под најголем притисок е јапонскиот јен поради предвремените парламентарни избори во Јапонија закажани за 16-ти декември , а на кои најверојатно ќе победи на Либерално-демократската партија (ЛДП). Лидерите на оваа партија најавија нов пакет економски стимулативни мерки, а можно е зголемен притисок врз централната банка на Јапонија за понатамошно олабавување на монетарната политика, која ќе го притисне јенот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.