Евтини летови Скопје-Минхен преку Еуровингс
Објавено во: Економија 17 Март, 2017 16:43
Германската нискобуџетна авиокомпанија „Еуровингс“ (Eurowings) која е дел од групацијата „Луфтханза“, ќе почне да лета на релација Скопје – Минхен од 31 октомври 2017, најави ТАВ Македонија.
Авиокомпанијата ќе оперира на оваа линија двапати неделно, во вторник и петок, со воздухоплов од типот Airbus А320-200, со капацитет од 174 седишта.
– Скопје ќе стане една од нашите 150 дестинации, и очекуваме да инвестираме повеќе во Македонија и во регионот во иднина - изјави Иван Ореч, директор за развој на мрежата на линии на „Еуровингс“.
Оттаму информираат дека продажбата на билети за дестинацијата Скопје – Минхен почна на 15 март и е отворена на веб-страницата на авиокомпанијата: www.eurowings.com.
„Еуровингс“ со седиште во Келн е дел од групацијата „Луфтханза“ и се смета за нискобуџетна авиокомпанија. Лета до повеќе од 150 дестинации во над 40 земји во Европа, а позната е по добрата мрежа на рути до атрактивни туристички локации за одморање. Нивните авиони сообраќаат и во повеќе земји од регионот, како Албанија, Бугарија, Хрватска, Србија, Косово, Црна Гора, Србија, Турција.
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




