24 Ноември, 2024
0.0716

ЕВЗОНИ БИ МОЖЕЛ ДА СЕ ОТВОРИ НА КРАЈОТ НА МАЈ - но за да отидат туристи во Грција има многу услови

Објавено во: Балкан 12 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Пиерија, Халкидики, Тасос, Епир, Споради и Јонските острови се најпопуларните туристички дестинации во Грција. Тие се посетени од неколку милиони туристи секоја година. Многу од нив, кои се блиски до Грција, често доаѓаат само за време на викендите.

Голем број фактори ќе влијаат на оваа туристичка сезона, а некои од нив се целосно непредвидливи. Грција се надева дека најблиските соседи ќе и ја спасат оваа туристичка сезона, а тоа се туристите од Балканот.

Доаѓањето на туристите од Балканот е условено со отворање на границите, но и со воспоставување на здравствени протоколи. Оваа година на плажите ќе мора да се запазува социјална дистанца, а посебно внимание ќе се посвети на чистење на сместувачките капацитети, пишува Б 92. 

Според порталот „Олатесалоники“, грчката влада напорно работи на склучување билатерални договори, бидејќи, покрај Грција, границите се затворени и од соседните земји. Ако се оди според планот, граничните премини би можеле да почнат со работа веќе на крајот на мај.

Во писмениот предлог до владата, заменик-министерот за внатрешни работи Теодорос Караглу предложи отворање на 4 од 13-те гранични премини: една од границите со Турција, граничниот премин Промалгон, Евзони и Кристалопиги на грчко-албанската граница. Исто така, беше предложено здравствените тимови да извршат дваесет и четиричасовна контрола врз оние што влегуваат и ја напуштаат земјата (мерење на температурата во првата фаза).

„Очекуваме дека нашите балкански соседи ќе одат на одмор во своите автомобили. Но, прво мора да ги почекаме решенијата за отворање на границите и протоколите врз основа на кои ќе работат туристичката индустрија и здравствените инспекции“, рече градоначалникот на Халкидики, Стелиос Валианос. Тој додаде дека летните одморалишта како Уранополис, Јерисос и Амулијани очекуваат илјадници верници да се упатат кон Атос, како и можност за отворање на општинска клиника за корона во Арнаја, која ќе обезбеди и психолошка поддршка.

Претседателот на Панхеленската федерација на хотелиери, Григорис Тасиос, не изгледа премногу оптимист. Тој изјави дека иако луѓето од Балканот планираат да дојдат во Грција, тие мора да почекаат упатства за отворање на границите и утврдување на конечни здравствени протоколи. Тој верува дека дури и тогаш, нема да биде сигурно дали туристите ќе можат да доаѓаат, бидејќи останува да се види дали пропишаните мерки воопшто можат да се користат во пракса.

Отворањето на границите нема да биде тежок процес, но истото не може да се каже за влез на туристи во земјава. 

„Има голем број прашања што треба да се решат пред да дозволиме голем број на луѓе кои биле во областите погодени од вирусот да влезат во земјата“, рече тој.

Податоците покажуваат дека голем број туристички агенции од Балканот откажале организирани патувања. Освен туристите кои доаѓаат преку агенции, во Грција се очекува да доаѓаат и илјадници Бугари, Срби, Македонци, Романци и Турци, бидејќи голем број од нив во изминатиот период купиле куќи.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НА АВТОМОБИЛОТ ИМАЛЕ НАТПИС „КОСОВО Е СРБИЈA“: Kосовската полиција уапси три лица кај Високи Дечани

НА АВТОМОБИЛОТ ИМАЛЕ НАТПИС „КОСОВО Е СРБИЈA“: Kосовската полиција уапси три лица кај Високи Дечани

АЛБАНИЈА: Изборниот материјал ќе биде и на македонски јазик

АЛБАНИЈА: Изборниот материјал ќе биде и на македонски јазик

СРБИЈА: Приштина гради уште една нелегална полициска база

СРБИЈА: Приштина гради уште една нелегална полициска база

НА ЗАБАВА ДОНЕЛ РАЧНА БОМБА: Едно лице загина, а 4 се повредени во експлозија во Хрватска

НА ЗАБАВА ДОНЕЛ РАЧНА БОМБА: Едно лице загина, а 4 се повредени во експлозија во Хрватска

ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ И ВО ЗАГРЕБ – ПАДНА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ФАСАДАТА НА ГЛАВНИОТ ПЛОШТАД: Загрозена безбедноста на минувачите (ВИДЕО)

ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ И ВО ЗАГРЕБ – ПАДНА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ФАСАДАТА НА ГЛАВНИОТ ПЛОШТАД: Загрозена безбедноста на минувачите (ВИДЕО)

„ОВА Е МОЕТО ОМИЛЕНО МЕСТО“ Вучиќ откри зошто работи за викенди

„ОВА Е МОЕТО ОМИЛЕНО МЕСТО“ Вучиќ откри зошто работи за викенди

„ДВА ПАТИ БЕШЕ НА РЕАНИМАЦИЈА, ТРЕТИОТ ПАТ НЕ УСПЕА, ГО УБИ СТРЕСОТ“, ДАЧИЌ НИЗ СОЛЗИ РАСКАЖА: Палма ми беше како брат

„ДВА ПАТИ БЕШЕ НА РЕАНИМАЦИЈА, ТРЕТИОТ ПАТ НЕ УСПЕА, ГО УБИ СТРЕСОТ“, ДАЧИЌ НИЗ СОЛЗИ РАСКАЖА: Палма ми беше како брат

ПРИТВОРЕНИОТ ГОРАН ВЕСИЌ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД: Не кажува зошто гладува

ПРИТВОРЕНИОТ ГОРАН ВЕСИЌ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД: Не кажува зошто гладува

ПОЧИНА КОНТРОВЕРЗНИОТ ДРАГАН МАРКОВИЌ ПАЛМА, БИЛ СОРАБОТНИК НА АРКАН: Српскиот политичар го тресеа бројни афери

ПОЧИНА КОНТРОВЕРЗНИОТ ДРАГАН МАРКОВИЌ ПАЛМА, БИЛ СОРАБОТНИК НА АРКАН: Српскиот политичар го тресеа бројни афери