ПРИТВОРЕНИОТ ГОРАН ВЕСИЌ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД: Не кажува зошто гладува
Објавено во: Балкан 23 Ноември, 2024 10:15
Министерот за градежништво на Србија во оставка Горан Весиќ, кој беше уапсен за трагедијата на железничката станица во Нови Сад, започна штрајк со глад во притвор. Неговата здравствена состојба барала интервенција на брза помош.
Вкупно 12 уапсени лица поврзани со трагичниот настан на железничката станица се во притвор. 48-часовниот притвор истекува утре во 11 часот, кога сите треба да бидат изведени пред обвинител. Според неофицијални информации, постои можност Весиќ да биде изведен пред обвинител порано, веќе денеска.
Здравствената состојба на Весиќ се следи, а официјални информации за мотивите на неговиот штрајк со глад засега нема.
Вишото Јавно Обвинителство во Нови Сад му предложи на судот да им одреди мерка притвор на 13 уапсени во врска со уривањето на надвозникот кај Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица.
Освен Весиќ, уапсени се и в.д директорката на Железничката инфраструктура на Србија Јелена Танасковиќ, поранешниот директор на Железничката инфраструктура на Србија Небојша Шурлан и помошникот министер за железнички транспорт Анита Димоски.
Како што претходно беше потврдено за Танјуг во Вишиот суд, притвор му е одреден на Љ.М.М., додека останатите осомничени се очекува подоцна да бидат изведени пред судијата.
Претходно во обвинителството беа сослушани 12 лица, додека 13. осомничен е во бегство и по неа е распишана потерница.
За сите нив е предложен притвор за да не се мешаат во постапката со влијание врз сведоци и соучесници, за да не го повторат делото, како и поради вознемирување на јавноста, а според осомничениот Ј.С.М. горенаведените основи и поради тоа што е недостапна за органите на прогонот, беше предложено и распишување потерница.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




