НА ЗАБАВА ДОНЕЛ РАЧНА БОМБА: Едно лице загина, а 4 се повредени во експлозија во Хрватска
Објавено во: Балкан 24 Ноември, 2024 09:24
Едно лице загина, а 4 се повредени во експлозија во Хрватска.
Во градот Книн синоќа дошло до експлозија во зграда. Во 23.01 часот полицијата соопшти дека добила дојава дека во станбена зграда во Книн се случила експлозија на неутврдена експлозивна направа, во која едно лице загинало, а четири лица се повредени и итно пренесени во болница.
Како што соопшти полицијата, експлозијата се случила на забава на која присуствувале млади луѓе. Загина 25-годишно момче, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на возраст од 21 година и еден малолетник. Потоа, полицијата додаде дека, експлодирала рачна граната М-75.
„Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник“, велат од полицијата.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




