05 Декември, 2025
0.1841

Facebook ќе дозволи промена на веќе објавени постови

Објавено во: Стил 27 Септември, 2013 14:51

Добивај вести на Viber

Facebook се одлучи да воведе нови промени со кои ќе им дозволи на своите корисници да вршат измени на веќе објавените постови. Засега оваа измена е применета кај сите Android корисници и кај дел од корисниците на веб верзијата, но од компанијата најавуваат дека наскоро промената ќе биде интегрирана и кај корисниците на iOS оперативните системи. Друштвената мрежа пред само година дена воведе слична измена со која им дозволи на корисниците да вршат промени на нивните коментари. Промената на постовите досега не беше возможна, па корисниците беа принудени да ги бришат своите „погрешни“ постови и да ги постираат повторно корегирани. Според Gizmodo, со новите измени на постовите, вашите пријатели, освен самата промена, ќе имаат и опција за споредба на промените, односно историја на самиот пост од моментот на неговото објавување.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: