19 Декември, 2025
0.0650

Facebook се полни пари

Објавено во: Свет 30 Октомври, 2014 09:52

Добивај вести на Viber

Facebook забележа 90% раст на профитот за третиот квартал, откако социјалната мрежа продолжува да покажува докази за зголемената сила во мобилното рекламирање. Добивката за периодот изнесува 806 милиони долари, или 47 центи по акција, во споредба со 425 милиони долари, или 27 центи по акција, една година порано. Приходите се зголемиле за 59% до 3,2 милијарди долари. Резултатите ги надминаа очекувањата. Аналитичарите, очекуваа заработка по акција од 40 центи и приходи од 3,12 милијарди долари. Активните корисници месечно растат стабилно до 1,35 милијарди од 1,32 милијарди во вториот квартал и 1,19 милијарди една година порано. Голем дел од растот на Facebook доаѓа од Азија и остатокот на светот. Дневните активни корисници, кои според Facebook се најмногу ангажирани и затоа повеќе вредни, се зголемија до 864 милиони евра, во споредба со 829 милиони во вториот квартал и 728 милиони година порано. Уделот на приходите од мобилно рекламирање е зголемен до 66%, во споредба со 62% во вториот квартал и 49% една година порано. Според Emarketer, Facebook ќе контролира 20% од светската мобилна интернет реклама до крајот на годината, додека уделот на Google во овој пазар за 36 милијарди долари се очекува да падне до 45% од 50% пред две години. Facebook не сокрива и уште во септември потврди дека се сигурни во намерата да ја превземата лидерската позиција на пазарот и да го отстрани Google од врвот. Ако работите и понатаму продолжат во оваа насока, а најверојатно ќе биде така тогаш многу скоро Facebook ќе биде новиот лидер на пазарот. K.K.

Можеби ќе ве интересира

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?