17 Декември, 2025
0.0476

„Фајненшел тајмс“: Хрватска е новата Грција – најлоша економија во ЕУ!

Објавено во: Балкан 25 Јуни, 2014 19:39

Добивај вести на Viber

Хрватска ја наследи Грција на неславното место на најнефункционална економија во Европската унија, објави „Фајненшел тајмс“. За ова придонела општата слабост на европската економија, но и инертноста на хрватската Влада во спроведувањето на реформите, а за да се извлече од оваа ситуација на земјата ќе и биде неопходно ефикасно повлекување на средства од фондовите на ЕУ, проценува угледниот весник. „Бавното и болно заздравување на грчката економија по катастрофалната должничка криза поттикна едно интересно прашање: која земја сега ја зема титулата на најнефункционална во Европската унија? Одговорот секако е Хрватска. Тоа е мала земја, која дури минатата година влезе во ЕУ и не е во еврозоната. На нејзините прекрасни острови и плажи животот се чини удобен, па затоа Хрватска и нејзините економски проблеми остануваат ’надвор од досегот на радарот’“, се наведува во текстот. Притоа се потсетува дека Хрватска веќе шеста година по ред е во рецесија и оти за тоа време загуби речиси 13% од својот БДП. Невработеноста во земјата изнесува околу 17%, а кај младите дури над 50%. „Тоа е социјална катастрофа која не се разликува многу од она што во последните пет години се случуваше во Грција и Шпанија. Хрватска, како и Грција, има неефикасен јавен сектор, кој задржува луѓе на работни места кои очигледно не служат на јавниот интерес и всушност само го прикриваат вистинското ниво на невработеност. Овој проблем уште повеќе се зголемува заради недостигот на компании во приватниот сектор кои можат да создаваат работни места и успешно да се натпреваруваат на европските пазари“, додава „Фајненшел тајмс“.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии