14 Декември, 2025
0.0757

Фајненшл тајмс: Германците повторно први, Шојбле избран за најдобар министер за финансии

Објавено во: Свет 25 Ноември, 2012 11:41

Добивај вести на Viber

Најдобар министер за финансии меѓу 19-те најголеми земји во Европската унија оваа година, е германскиот, Волфганг Шојбле, оценува лондонски Фајненшл тајмс. Министрите се рангирани врз основа на три критериуми - економските перформанси, кредибилитет кај финансиските пазари и политички вештини. Седумчленото жири составено од водечките европски економисти веќе го има прогласено Шојбле за најдобар министер за финансии во 2010 година, а минатата година беше заменет од шелната позиција од Швеѓанецот, Андерс Борг, кој е на второто место оваа година. На трето место се наоѓа полскиот министер за финансии, Јачек Ростовски. Весникот забележува дека водечките политичари и банкари започна оваа година, под притисок од финансиските пазари, почнаа да размислуваат за структурни промени и реформи кои треба да и овозможат на монетарната унија да преживее. „Шојбле беше повеќе од било кој друг посветен на неговата визија за обединета Европа“, рече членот на жирито и главен економист во италијанските банки Уни Кредит, Ерик Нилсен. „Шојбле ја спои лојалноста кон буџетската дисциплина со европската заложба за солидарност и упорно се обидуваше да ги убеди скептичните гласачи за потребата да се застане позади еврото“, пишува весникот. Поради својата посветена работата, жирито го стави ирскиот министер Мајклен Нунан на петтото место, затоа што земјата, која пред две години падна во должничка криза, ја извлече повторно назад на финансиските пазари и придонесе за заживување на нејзиниот раст. Од  европските земји, Италија има најголемо подобрување, за дури десет места и стигна на осмата позиција благодарение на Витори Грили, со чија помош оваа држава не стана уште една жртва на должничката криза. Најлошото позиционирани се министрите за финансии на Шпанија (19 место), Унгарија (18)  Грција (17), и Франција (16), а малку пред нив се Велика Британија (15) и Австрија (14). Економскиот ефект на министрите за економија се оценуваше врз основа на економски раст, буџетскиот дефицит и јавниот долг за оваа година, а потоа и од гледна точка на економската обнова, пазарите на трудот и развојот на должничката криза од 2009 година па наваму. Во политиката, жирито го оценува квалитетот на нивните предлози, како успеале да ги промовираат и какво било нивното севкупно влијание во економијата.  

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск