19 Декември, 2025
0.0449

ФАЈЗЕР ТАБЛЕТАТА ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД СМРТ ЗА 89 ПРОЦЕНТИ: Компанијата ќе бара одобрување од медицинските регулатори

Објавено во: Свет 05 Ноември, 2021 13:28

Добивај вести на Viber

Американската фармацевтска компанија Фајзер денеска објави дека нејзината експериментална антивирусна таблета за лекување на Ковид-19 ја намалува стапката на хоспитализација и смртност за речиси 90 отсто.

Од Фајзер велат дека ќе побараат од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) и меѓународните регулатори да ја одобрат таблетата што е можно поскоро, откако независните експерти препорачаа студијата да се прекине порано врз основа на силата на нејзините резултати.

Откако компанијата ќе пријави, односно ќе побара одобрување, ФДА може да донесе одлука во рок од неколку недели или месеци. Студијата била спроведена на 775 возрасни лица, при што е заклучено дека пациентите кои го земале лекот Фајзер заедно со друг антивирусен лек имале 89 отсто намалување на хоспитализацијата или стапката на смртност по еден месец, во споредба со пациентите кои земале пласебо.

„Се надевавме дека ќе имаме нешто извонредно, но ретко може да се видат одлични лекови со речиси 90 проценти ефикасност и 100 проценти заштита од смрт“, изјави д-р Мајкл Долстен, главен научник на Фајзер.

Учесниците во студијата биле невакцинирани, со благ до умерен ковид-19 и се проценува дека се изложени на висок ризик за хоспитализација поради здравствени проблеми како што се дебелина, дијабетес или срцеви заболувања.

Третманот започнал во рок од три до пет дена од првите симптоми и траел пет дена.

ФОТО: YouTube Print screen


Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела