19 Декември, 2025
0.0580

„Факом“ ја зголеми домашната продажба за 2 милиони евра во три месеци

Објавено во: Економија 31 Октомври, 2014 08:12

Добивај вести на Viber

Заради подобрената продажба на домашен пазар компанијата успеа да ја намали загубата во третиот квартал за 7,6 милиони денари до ниво од 26,9 милиони денари Скопската компанија за челични конструкции „Факом“ успеа третиот квартал да го заврши во позитива и да ја намали загубата во работењето за 7,6 милиони денари на 26,9 милиони денари, покажуваат податоците од кварталниот биланс на успех што ги објави компанијата на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Според податоците „Факом“ во третиот квартал успеал приходите од продажба да ги зголеми за 267,8 милиони денари до ниво од 584 милиони денари. При тоа приходите од продажба на домашниот пазар пораснале за 121 милиони денари (2 милиони евра) до ниво од 331,7 милиони денари. Со ова се доаѓа до заклучок дека менаџментот на компанијата најголем дел од своите активности насочил на зголемување на продажбите на домашниот пазар со цел да се компензира негативната циклика во тој бизнис на надворешниот пазар. Во истиот период приходите од продажба на странски пазар пораснале за 58 милиони денари до ниво од 252,4 милиони денари. Трошоците од оперативното работење на „Факом“ во овој период од три месеци пораснале за 258 милиони денари што значи дека за првпат годинава во овој последен квартал компанијата бележи позитивен резултат од работењето во износ од 9,8 милиони денари. Во структурата на расходите за првите девет месеци чиј износ е 610,2 милиони денари, најголемо учество имаат трошоците за суровини и материјали и трошоците за вработените. Првата ставка изнесува 301,5 милиони денари и во споредба со првите девет месеци лани бележи раст од 5 отсто. Тоа во услови на намалена продукција на компанијата која се гледа од намалените приходи од продажба сигурно е резултат на зголемување на набавни цени на суровини и материјали кои компанијата ги користи во своето работење. Втората по големина ставка на расходната страна се трошоците за вработените кои се намалени за 5 отсто односно 10 милиони денари до ниво д 201,66 милиони денари. Во споредба со лани вкупните трошоци од работењето во периодот од јануари до септември годинава беа намалени 3 милиони денари. „Факом“ е во групата големи македонски извозни компании од металната индустрија специјализирана за изработка на челични конструкции. Од податоците за „Факом“ достапни на интернет страницата на берзата се гледа дека компанијата се соочува со рецесиски процеси во глобалниот бизнис кои се рефлектираат со пад на приходите. Особено изразен пад имаше во 2013 година дво однос на 2012 година кога приходите се намалени речиси 500 милиони денари од 1,26 милијарди денари на 768 милиони денари во 2013 година. Најголем акционер во таа компанија е „Репро Оне лимитед“ која поседува 97,2 отсто од акциите со право на глас. Претстедател на надзорниот одбор на компанијата е бизнисменот Минчо Јорданов, а претседател на Управниот одбор е Златко Симоновски, поранешниот директор на „Бетон“ Скопје. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии