16 Јануари, 2025
0.0314

Фактор анализа: Има ли „леб“ од месото? Кои се најголемите месарници – семејни бизниси?

Објавено во: Економија 07 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Во Македонија лани „леб од месото“ ваделе 18 месарници кои успеале да направат приход од продажба поголем од еден милион евра. Најголем број од овие компании со дејност: продажба на мало на месо и месни производи во специјализирани продавници се семејни бизниси кои градат или имаат изградено препознатлив имиџ и доверба кај потрошувачите во локалните заедници во кои работат

Најголемите семејни бизниси – месарници успеале да „откинат“ над 40 милиони милиони евра на големите месарски ланци во Македонија, покажуваат податоците од анализата на „Фактор“ за работењето на малите семејни месарници лани.

Од податоците е видно дека има 18 компании -месарници чија дејност е продажба на месо на мало во специјализирани продавници, а кои успеале лани да направат приход од продажба кои надминуваат еден милион евра.

Кога се анализираат податоците, генерално впечатокот е дека овие фирми не прават значајни профити од своето работење. Најголемата добивка (како учество во приходите) ја има една од најмалите месарници – тоа е битолската фирма „Дани Комерц“ кај која добивката во приходот учествува со 10 отсто. Следна е кавадаречката компанија „Дироко“ и таму профитот учествува со помалку од 7 отсто од приходот што во апсолутна вредност е 178.000 евра.

Бројот на вработени во овие „мали, а големи“ месарници варира од 2 до 46 лица.

Исто така интересно е да се напомене дека според висината на приходите не може да се каже дека доминираат месарниците од Скопје иако се најбројни на листата. Тоа веројатно се должи на два фактори од кои првиот е тоа што населението од градовите во внатрешноста има доверба во локалните брендови, но и тоа што во Скопје пазарот е најголем, но и е најсилна конкуренцијата меѓу месарниците.

Повеќе на темата за месото на следниот линк СКОПЈАНИ ЈАДАТ НАЈСКАПО МЕСО ВО МАКЕДОНИЈА: Големи разлики во цените на храната од град во град


СКОПЈАНИ ЈАДАТ НАЈСКАПО МЕСО ВО МАКЕДОНИЈА: Големи разлики во цените на ...

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАДЕН ДЕЛ ОД ИМОТОТ НА ПОРАНЕШНО „ФЕНИ“: Авансно ќе се делат парите од стечајната маса

ПРОДАДЕН ДЕЛ ОД ИМОТОТ НА ПОРАНЕШНО „ФЕНИ“: Авансно ќе се делат парите од стечајната маса

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ КАЈ ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД И ДАНОКОТ НА ДОБИВКА - ова се деталите од Управата за јавни приходи

ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ КАЈ ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД И ДАНОКОТ НА ДОБИВКА - ова се деталите од Управата за јавни приходи

САКААТ ДА ГИ ЗАБРАНАТ РУСКИОТ ЛНГ И АЛУМИНИУМ: Брисел подготвува нов пакет санкции против Москва

САКААТ ДА ГИ ЗАБРАНАТ РУСКИОТ ЛНГ И АЛУМИНИУМ: Брисел подготвува нов пакет санкции против Москва

ЕНЕРГЕТСКИ ЈАЗ: Европа ризикува да не ги исполни своите цели за складирање гас за следната зима

ЕНЕРГЕТСКИ ЈАЗ: Европа ризикува да не ги исполни своите цели за складирање гас за следната зима

ТРАЈЧЕ ЗАЕВ МУ ГИ ПРОДАДЕ СИТЕ СВОИ АКЦИИ ВО „ГЕРАС ЦУНЕВ“ НА СВОЈОТ БРАТУЧЕД - еве колку плати Вице Заев за струмичката конфекција

ТРАЈЧЕ ЗАЕВ МУ ГИ ПРОДАДЕ СИТЕ СВОИ АКЦИИ ВО „ГЕРАС ЦУНЕВ“ НА СВОЈОТ БРАТУЧЕД - еве колку плати Вице Заев за струмичката конфекција

Скопска топилница по 13 години повторно започнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно започнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

СЈАЈОТ И БЕДАТА НА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Дали беше поскапа или поевтина празничната трпеза

СЈАЈОТ И БЕДАТА НА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Дали беше поскапа или поевтина празничната трпеза

Зошто Украинците посегнаа по гасоводот „Турски ток“ и дали е ова „катиљ ферман“ за Ердоган?

Зошто Украинците посегнаа по гасоводот „Турски ток“ и дали е ова „катиљ ферман“ за Ердоган?