Фактор анализа КАВАДАРЦИ 2024: Кои се кавадаречките милионери? Со вино и серенади прават милиони евра!
Објавено во: Економија, Анализа 12 Мај, 2025 10:26
Најголемите десет фирми во Кавадарци лани генерирале приход вреден 530 милиони евра! И во тие десет фирми дури девет се домашни поточно кавадаречки компании основани од локални жители. Очигледно е дека жителите на овој македонски град имаат исклучителен претприемачки дух и смисла за бизнис. Овој податок сам кажува колкава е силата на кавадаречката економија, убедливо најсилна по Скопје во рамки на Македонија. Дали за ова има свое влијание и маџунот? Одговорот на тоа прашање ќе го оставиме на експертите...
Кавадарци со право може да си го земе епитетот најгордиот македонски град. ГИ бива за се! Хумор, песна, дружба, борба, а и за бизнис. Кавадарци ги изнедрил и зачувал македонските староградски песни. И се водат жолчни дискусии за тоа дали Охрид на тој план е подобар од Кавадарци. Нашиот град на виното и серенадите, најпознатата староградска македонска музика. Родното место на бардот Никола Бадев и на ненадминливиот шмекер и поп пејач Зафир Хаџиманов. Родниот град на великанот Мито Хаџивасилев – Јасмин. Град во кој традиција е на секаков повод и собирање да се запее традиционална најубава македонска староградска песна. А песната не оди без вино и ракија. Кавадарци е центарот на македонската винска индустрија, срцето на Тиквешијата во која речиси и нема домаќинство кое не прави жолта ракија или домашно вино.
Но Кавадарци е и индустриски центар. И сега го нменува епитетот од град на никелот во центар на челичната индустрија. И тоа благодарение на веројатно најголемиот кавадаречки активен бизнисмен Илија Гечев.
Освен тоа во градот е и најголемата македонска винерија В.В. „Тиквеш“ повеќе од 50 години синоним за македонско вино во светот. А во последно време Кавадарци е центар и на фабрика за делови од автомобилската индустрија, која стана точка на мапата на голема интернационална автомобилска корпорација, која е снабдувач на големите светски автомобилски производители. За производството на вино и ракија нема збор. Тука ниту регионот наскоро нема да биде лимит.
И додека кавадарчани пеат, прават вино и маџун, прават и пари. Еве ги листите на најголеми и најуспешни компании:
НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ВО КАВАДАРЦИ СПОРЕД ПРИХОД во 2024 година

*Рангирани се компании што 2024 година оствариле приход еднаков на 5 милиони евра или поголем, а годината ја завршиле со добивка
НАЈПРОФИТАБИЛНИ КОМПАНИИ ВО КАВАДАРЦИ во 2024 година

Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




