ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони од продажба на ајфони и андроиди во Македонија?
Објавено во: Економија 22 Мај, 2024 08:20
„Ај Стаил“, „Ледиком“, „Антариас“ и „Мобеликс“ се најпопуларни продавачи во Македонија на мобилни телефони, таблет комјутери, лаптопи, најчесто производи од Apple и Samsung, но и модели на Google Pixel и Xiaomi.
Станува збор за компании кои поседуваат мрежа од премиум мобиларници, а инаку треба да се каже дека истите уреди преку своите филијали ги продаваат и големите телеком оператори. Само кај нив се свртеле 14,5 милиони евра од купувачите.
„Ледиком груп“ од Чаир има изразито најголема добивка, „Ај Стаил“, иако од Штип, продава мобилни телефони во најпопуларните скопски молови и има убедливо најголема добивка. Со нив се носи и „Мобеликс“ со седиште во Кисела Вода, кој има добра заработка со оглед на далеку помалите приходи. По приходи конкурентен е и „Антариас“.
Овие увозници и дистрибутери на мобилни телефони и мобилна опрема имаат и посебно обучен кадар. „Ледиком“ има 30, „Ај Стаил“ е со 18, а „Мобеликс“ со 10 пријавени работници.
Предноста на овие компании како трговци е што веднаш ги наплаќаат своите побарувања. Нивната дејност е трговија на мало во специјализирани продавници и тука „Ледиком“ и „Ај Стаил“ се во првите 100 во Македонија.по остварени приходи.
Сопственик на „Ај Стаил“ е кипарска мрежа за продажба, а 20 отсто удел има Трајче Симоновски. „Ледиком“ е основан од Скендер Шешивари. „Мобеликс“ е на Един Драголовчанин. „Антариас“ е во сопственост на скопјанката Габриела Кулебанова.
Една од особеностите на овие трговци е трпението и традицијата на пазарот. Сите од нив работат најмалку барем 15 години на пазарот. А.К.

Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




