05 Декември, 2025
0.0303

Фактор анализа ОХРИД-СТРУГА 2024: Охрид притиска, но Струга не пушта! Кои се најголемите и најуспешни компани на брегот на Охридско езеро

Објавено во: Економија, Анализа 07 Мај, 2025 12:04

Добивај вести на Viber

Фразата дека Охрид и Струга се туристички бренд на Македонија е често повторувана, но дали е и вистинита? Тоа го покажуваат најновите податоци за економската „крвна слика“ на најубавиот македонски езерски регион. Овој крај, опеан во песни, раскажуван во книги и една од најпрепознатливите локации по кои Македонија е позната ширум светот, крие поинаква економска реалност.

Меѓу 28-те најголеми компании во охридско-струшкиот регион – од кои најмалата има приход од 6 милиони евра – нема ниту една што работи во туристичката дејност.

Дали Охрид и Струга навистина се градови што живеат од туризмот?

Древните центри на словенската писменост, со децении го градеа имиџот на туристички брендови на Македонија. Црквите и манастирите, Варош, Потпеш, стравопочитниот поглед од Канео, Универзитетот на Св. Климент, куќата на Робевци, чудесната Трпејца, автокампот Љубаништа, фасцинантните извори на Дрим и безвременскиот Св. Наум, како и феноменалната тераса на „Инекс Горица“ – сите тие се дел од мозаикот на туристичката понуда. Охридски бисери, уникатна староградска музика, ресторанот „Далга“, клубот „Џез Ин“, погледот од Велестово... и уште многу повеќе.

Но дали Охрид навистина живее од туризмот? Одговорот е – не!

Меѓу најголемите охридски фирми нема ниту една чија главна дејност е хотелиерство или угостителство.

Струга плени со нејзиниот Дрим и старото градско јадро. Овој македонски град на поезијата се гордее што е родно место на големите македонски преродбеници Димитрија и Константин Миладинови, особено младиот брат Константин, чија антологиска песна „Т'га за југ“ е неуништлив белег на културната самосвест и засебност на Македонецот.

И покрај туристичкиот потенцијал, и Охрид и Струга не живеат од туризмот. Туризмот има значајно влијание, но економијата на регионот е предводена од странски гринфилд инвестиции. Во моментов има три такви компании, кои ангажираат над 3.000 жители од езерскиот регион.

За „инает на охриѓани“, најголемата компанија од овој регион во 2024 година има седиште во Општина Струга. Тоа е „Магна Мирорс СИЕ“ со приход од 149 милиони евра. За нијанса е поголема од охридскиот „Костал“, кој до неодамна важеше за најголемата компанија во регионот. „ЛТХ Леарница“ е втората најголема охридска компанија, дел од словенечката групација „ЛТХ Кастингс ДОО“, специјализирана за лиење, обработка и монтажа на комплексни алуминиумски компоненти за глобалната автомобилска индустрија.

Кои се економските херои на Охрид и на Струга во 2024 година?

Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети