Фактор анализа: Ова е (сепак) Америка
Објавено во: Свет 08 Јануари, 2021
Популарната песна на артистот Childish Gambino гледано
од денешна перспектива можеби делуваше и како пророштво за тоа што ќе и се
случи на лулката на демократијата. Ова е Америка, посочи артистот во 2018
година, алудирајќи на подемот на белиот супрематизам, растот на масовните
убиства и масакри, насилството од полицијата врз Афро-американците и
глорификацијата на оружјето. Уште посуптилно во неговиот маестрален видео спот
беа прикажани и четворицата јавачи на апокалипсата, како симбол на неизбежниот
крај на Америка, барем онаа која беше идолизирана како главен столб на
демократскиот поредок.
Ова е (сепак) Америка е најважната двосмислена порака која мора да биде сфатена и од двете струи кои си ги покажаа забите. Од една страна ова е освестувањето кое "либералната" елита во САД упорно во изминатите пет години се обидуваше да го избегне, да го стави на snooze како аларм кој не сакате да ве разбуди од залудниот продолжен сон.
Сепак, ова е Америка е и пораката која мора да ја сфати и популистичката сила која застана зад Доналд Трамп. Вакви сцени најчесто гледавме во како што ги нарекоа Американците уште во поствоената ера "земјите од третиот свет", а не факелот на слободата. Упадот на Капитол Хил, домот на американската претставничка демократија е дефинитивно најкритичниот момент во поновата американска историја, и најверојатно прв од ваков вид по Граѓанската војна од доцниот деветнаесетти век.
Вакви "балканштини", "латиноамериканштини" и "африканштини" се незамисливи да се случат во срцето на Вашингтон, градот кој го носи името на таткото на американската нација. Но, и двете страни како да продолжија со игнорирање на новата реалност или новата нормалност. Дека враќањето на статус квото со моментално најдобриот можен републиканец, Џо Бајден, е практично илузорно.
Да, некои аналитичари ќе речат, сепак Америка е држава со моќни институции кои не зависат од партиска политика или од командите на само еден човек, и дека таа држава може да се справи со "налетите на налудничавост". И тоа е најверојатно точно, бидејќи било каков друг вид на решавање на проблемите ќе значи многу покатастрофално сценарио, point of no return.
Но, и да се тврди дека упадот во Конгресот на САД е иницирано само од твитовите на Трамп, или парафразирано неговите пораки "народот да не седи дома по папучи" е исто така лага, себеутешителна мантра за либералната елита, последен очаен обид да се избегне од соочувањето со реалноста која всушност е секојдневно живеење и став на обичниот американски граѓанин.
Бајден ќе има тешка задача да биде разумниот роднина, чичкото кој треба да ги смири раскараните браќа и да ги убеди дека само со слога може да живеат под ист покрив.
Како прво, Бајден ќе донесе тешко разочарување за прогресивната левица која повторно ќе се почувствува како колатерална штета додека федералната власт се обидува да ги ресетира остатоците од владеењето на Трамп. Апелот на Бајден кон умерените републиканци кога тогаш ќе и се удри од глава на Демократската партија. Со тоа што на неа и се заканува реплицирање на рецептот за успех кој Трамп и го "зготви" на Републиканската партија. Некој "лев Трамп", или поуспешен Берни Сандерс ќе го претвори левиот екстремен спектар во новата регуларна левичарска понуда. А, во меѓувреме Trump's Party, а не Републиканската партија ќе доминира во десницата, веќе јасно декларирана во екстремниот спектар, отворено прифаќајќи ги парамилитарните групации, гневната бела популација која е убедена дека изборите се украдени и суперматитистите на југот кои не можат да се помират со демографските промени, ниту со глобализацијата.
Ублажувањето од насилството во Конгресот најверојатно ќе се врши преку повиците за покренување обвинение против за Трамп за обид за државен удар. Ќе ве замолам уште еднаш убаво да ја прочитате оваа реченица. Обид за државен удар во САД или најблаго речено обид за спречување на промена на власта. Исто така Трамп може да биде суден за кршење на Уставот, злоупотреба на моќ, попречување на правдата, па дури и враќање на "руското досие" за соработка со странска држава, традиционален противник на Америка.
Епилогот од крвавите настани во САД несомнено ќе имаат последици и на светската политичка сцена, во екстремните движења и популистичките табори. А, годината, таа која сите посакуваме да биде толку раџлична од 2020 само што започна.
Христијан Станоевиќ* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.