Фактор анализа ВЕЛЕС 2024: Кој го дрма Велес? Еве ги најголемите фирми во градот на Гемиџиите!!!
Објавено во: Економија, Анализа 09 Мај, 2025 08:20
На велешката економија лани најголемите десетина домашно поседувани компании ѝ генерирале приход поголем од 130 милиони евра. Резултат за почит. Од руина во транзицијата, Велес низ годините закрепна и повторно се издига во град со значајна домашна метална индустрија и агро комплекс
Велес, градот на Вардар и во старо време најголем трговски центар, од каде македонските стоки патувале кон балканскиот трговски центар Солун. Град синоним на македонскиот непокор, преродбата и социјализмот. Градот на црната металургија која стана негова црна судбина, затоа што можеби најжестоко страдаше во македонската политичко-економска транзиција во деведесетите години на минатиот век.
Родното место на Кочо Рацин и Коле Неделковски, родното место на Васил Главинов, градот на „Гемиџиите“, градот на мостовите поставен долж реката Вардар, во срцето на Македонија, најголемиот јазол на македонската железница.
Од транзицијата излезе поразен, но со годините стана посилен. Едни заминаа и оставија простор на други, а малку од нив успеаја да го фатат приклучокот и да се преструктуираат по пазарното „вјерују“. Темелно и полека, но сигурно велешките компании растеа и се развиваа.
Денеска град на приватна иницијатива и домашни капиталисти. Освен најголемиот на листата, сите други во рангот на десет најголеми се домашно поседувани компании кои на Велес и велешани лани им обезбедиле приход поголем од 130 милиони евра.
Еве ги најголемите и најпрофитабилни компании во Велес:

Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




