ФАКТОР ЕКСКЛУЗИВНО: „Бомба“ во Реплек, мнозинството му изгласа недоверба на директорот Туџаров и другите менаџери
Објавено во: Економија 08 Април, 2021 21:22
Mнозинството акционери, предводени од Душан и Владимир Пецовски денеска на Годишното Собрание на акционери на Реплек АД Скопје, изгласале недоверба на сите членови на Управниот Одбор и на Надзорниот Одбор на компанијата.
Фактор дознава дека мнозинството било впрочем против одобрување на работата на двата одбори, поради незадоволство и нетранспарентно работење.
Согласно Член 363 и 384 од Законот за Трговски Друштва, со неодобрување на работата на одборите, сите членови вклучувајки ги и Иван Туџаров, односно Претседателот на Управниот Одбор (Генералниот Директор на Реплек АД), како и Претседателот на Надзорниот Одбор се истовремено разрешени.
Сите активности, дејствија и овластувања се замрзнати се додека не се
назначи нов Управен и Надзорен одбор, на продолжената седница на
Годишното Собрание на Акционери во рок од 8 до 15 денови.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




