18 Декември, 2025
0.0563

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кој е кој во фаст фуд бизнисот во Македонија?

Објавено во: Економија 04 Јуни, 2024 12:32

Добивај вести на Viber

„Пласет - Донер и Бургер“ и „Сендвичара - 7“ од Скопје се најголемите и најуспешните фаст фуд индустрии во Македонија по остварена добивка за минатата година. Двата „производители“ на хамбургери стануваат ривали во конкуренцијата, бидејќи минатата година имале идентичен профит.

„Пласет - Донер и Бургер“ тоа го направил со многу помал приход од култната „Седмица“, но сепак со многу поголем број на сендвичарници. Едниот во 2023 имал 67 пријавени работници, а другиот тоа го постигнал со 95.

„Пласет“ поседува две пекарници, месарница и хотел, покрај двете сендвичарници во Буњаковец, една во строгиот центар на Скопје, една исто така во Чаир и неколку во молови во главниот град и во Тетово. Има раст на приходот од 37 отсто и на добивката од 122 проценти „Сендвичара - 7“ има само четири сендвичарници во Центар, Карпош, Аеродром и Гази Баба, а има и една работилница во Кисела Вода.

На третото место по остварена добивка е „Ројал Филандре“, компанијата која го има „Ројал Бургер“ во Скопје. Има 38 вработени и три сендвичарници како подружници во Центар, Аеродром и Кисела Вода. Бележи раст на приходите за 19 отсто.

Во Топ-5 најпопуларни сендвичарници се и „Кан Интернатионал“ и „Таб Лимитед“, кои сепак 2023 ја прикажале со загуба. „Таб Лимитед“ која ја поседува франшизата за „Кинг Бургер“, „Уста Донерџи“ и пицериите „Сбарро“ има убедливо најголеми приходи од сите, а исто така и голем број на вработени - 178. Има дури 18 продажни места, од кои најпознатите се на скопскиот аеродром, скопскиот плоштад, скопските молови и две во Тетово.

„Кан Интернатионал“ е сопственик на франшизата „КФЦ“. Сите шест продажни места што ги поседува се во Карпош, две во Гази Баба, Бутел, Аеродром и Тетово, а поголемиот дел од нив се во молови.

Сите гореспоменати имаат раст на приходите од 14 па до над 30 отсто, а една од причините што може да се поврзе со тоа е инфлаторскиот удар. Фаст фуд индустријата може да биде профитабилен и високо доходовен бизнис во Македонија доколку се работи професионално и посветено. Неговиот потенцијал е голем од проста причина што составен дел од нашата кулутра е фаст фудот.                                                 А.К.


Извор: Централен регистар




Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје