26 Јуни, 2024
0.1707

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Австриската компанија поднела три кривични пријави, обвинителството потврди

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

СЕ ОГЛАСИ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПО ОБВИНУВАЊАТА НА АВСТРИСКИОТ АМБАСАДОР

Основното јавно обвинителство денеска се огласи дека австриската компанија, за која австрискиот амбасадор во Скопје вчера испрати посмо до јавноста дека има ненаплатен долг од 4,5 милиони евра од валандовската фирма поврзана со семејството на поранешниот премиер Зоран Заев и дека судскиот систем целосно потфрлил во спорот, до ОЈО Гевгелија поднела дури три кривични пријави за разни дела и страни. Од таму ја уверуваат јавноста дека по поднесените кривични пријави се постапува исклучително ажурно.

„Наведеното правно лице во 2021 година до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднело кривична пријава за кривично дело - Измама и Злоупотреба на службена положба. Надлежниот јавен обвинител, по проверка на сите наводи утврдил дека елементи на наведените кривични дела, туку елементи на граѓанско-правен однос за кој оштетените воделе постапка која е завршена пред Меѓународниот центар за арбитража во Виена, Австрија. По изјавената жалба на решението, предметот се наоѓа на постапување во Вишото јавно обвинителство Скопје“, соопшти Обвинителството.

ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР ПРАША КАДЕ СЕ МИЛИЈАРДИТЕ КОИ ГИ ДАЛЕ

Холандскиот амбасадор во Скопје, Дирк Јан Коп, во емисијата „Дипломатија и бизнис“ на МРТ рече дека уставните измени се користат како изговор од македонските власти за неспроведување на реформите.

„Неопходните реформи можеа да бидат направени пред 10-15 години, а не беа направени. Неиздржано е да се зборува за евроскептицизмот од тој асепкт, дури е и навредливо, зашто после 20 до 30 годоини поддршка за да влезете во ЕУ, прашањето е каде се милијардите, каде се и што се случи со обуките што ги спроведувавме? Зошто сите нови правила и регулативи не се правилно имплементгирани? Дали е тоа прашање на менталитетот? Можеби се сеќавате, наши даночни обврзници ги платија вакцините за коронавирусот за Западен Балкан. Европската комисија пред неколку месеци даде дополни 200 милиони евра за Владата на Северна Македпнкија поради високите цени на енергенсите и инфлацијата иако и нашите даночни обврзници беа соочени со истиот енергетски проблем и високите цени. 

ГРУБИ ВО КОНФЛИКТ СО АНТИКОРУПЦИСКА

Откако Груби за антикорупционерите рече дека не ги бивало, Државната комисија за спречување на корупција, со соопштение му врати на нападите на првиот вицепремиер Артан Груби. Тој вчера гостувајќи на дневникот на ТВ Сител кажа дека „ДКСК не ги бива“, додавајќи дека немаат капацитет и немаат направено ништо.

„Во право сте г. Груби, Антикорупциска нема капацитет да се вози во службени возила 24/7 и за приватни цели, да злоупотребува државни простории, да користи репрезентација и службени платежни картички, ниту да се расфрла со буџетски пари, но бидете уверени дека има капацитет да ги исполни своите законски обврски и надлежности и да изработи бројни иницијативи и препораки кои сеуште чекаат ред и време за да се постапи по нив.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Штембил, печати потпис злато вредни! Од заверки на документи прават профити од десетици и стотици илјади евра. За една година заработуваат да купат еден стан. Тоа се македонските нотари. 

Предлог-иницијативата за уставни измени изготвена од Работната група од Министерството за правда уште пред две и пол недели е испратена во Владата, која треба да ја разгледа на седница, а потоа и да ја достави до Собранието, но остана неодговорено прашањето за колкав хонорар работеле експертите.

Какво е влијанието на случувањата во Украина врз македонските компании, какви штети претпреа, кои сектори осетија најголем удар од конфликтот? Ова се дел од аспектите кои се истражуваа во анализата насловена „Влијанието на кризата од конфликтот во Украина врз фирмите во Македонија“, зад која стои професорот Марјан Петрески од Универзитетот Американ Колеџ Скопје и Инститот за истражување и политики „Фајненс тинк“. 

Вообичаено, во нашата држава жените жртви на насилство и семејно насилство потешко наоѓаат работа и потребно е време додека да го пријават насилството, да заминат од домот на насилникот и да станат финансиски независни.


Можеби ќе ве интересира

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано