25 Ноември, 2024
0.0348

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Британскиот сој зема замав, денес 582 заразени

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 25 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

БРИТАНСКИОТ СОЈ СЕ ШИРИ ВО МАКЕДОНИЈА

Британскиот сој на коронавирусот е присутен во 70 отсто од случаите, покажале испитувањата на Клиничката болница Жан Митрев, кои денеска ги цитираше министерот за здравство Венко Филипче. ТОј рече дека испитувањата на МАНУ се во тек и додаде дека има зголемување на бројот на заболени но дека нема проблем за сместувачки капацитети во болниците. Најави и дека е можно да има нови рестрикции, но рече дека во овој момент тоа не е случај. 

„Навистина има зголемување на бројот на заболени кои се хоспитализираат, но тоа не го нарушува капацитетот на болниците. Во Скопје има слободни болнички кревети на Инфективната клиника, без модуларната. Во било кој момент се спремни капацитетите на клиниките пак да бидат ковид центри. Дополнителни мерки дефинитивно е можно да има, но засега не. Гледаме и пратиме дали трендот ќе продолжи вака за да биде ризик да се преоптеретат болничките капацитети, вели Филипче. .

Рече дека вчера го потпишал договорот за набавка на 100.000 дози од руската вакцина и дека денеска ќе имаат контакти преку руската амбасада за поконкретни информации кога тие ќе пристигнат. 

ЗА 24 ЧАСА ИМА 582 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 274, Прилеп – 55, Кавадарци – 40, Куманово – 24, Гевгелија – 23, Неготино – 20, Тетово и Велес – по 18, Охрид – 13, Струмица – 12, Битола и Кочани – по 10, Гостивар – 9, Штип и Струга – по 8, Крушево – 7, Крива Паланка и Богданци – по 5, Валандово – 4, Дебар и Виница – по 3, Ресен, Делчево, Пробиштип, Кратово и Демир Капија – по 2, Кичево, Демир Хисар и Берово – по 1.

Регистрирани се 374 оздравени пациенти од:

Скопје – 160, Охрид – 59, Струга – 24, Кавадарци – 20, Прилеп – 14, Тетово – 12, Гевгелија и Велес – по 9, Куманово – 8, Ресен – 7, Дебар – 6, Битола, Штип и Радовиш – по 5, Делчево – 4, Неготино, Гостивар, Крива Паланка и Берово – по 3, Струмица, Крушево, Валандово, Пробиштип, Кратово и Кичево – по 2, Кочани, Виница и Македонска Каменица – по 1. 

Пријавени се вкупно 13 починати лица. Починати се 6 пациенти од Скопје  (64г, 66г, 72г, 74г, 77г и 89г), три од Прилеп (48г, 72г и 83г), и по еден смртен случај е пријавен од Штип (61г), Охрид (75г), Крива Паланка (83г) и Пробиштип (79г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

КОРОНАТА „КОСИ“ ВО НЕГОТИНО И КАВАДАРЦИ

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 15 до 21 февруари 2021, тестирани се вкупно 15.849 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 2,8 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.320 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 3,9 отсто во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.007; 43,4%), со неделна инциденца – 163,0/100.000. Највисока неделна инциденца од 412,8/100.000 е регистрирана во Неготино и Кавадарци (409,0/100.000).

КРУШЕВСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ЗАВРШИ НА ИНФЕКТИВНА

Томе Христовски, градоначалник на Крушево, е позитивен на коронавирусот.

Тој од вчера бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.

Информациите говорат дека крушевскиот градоначалник првите симптоми ги почувствувал во неделата вечерта, по што во понеделниколт направил тест, кој покажал дека е позитивен на ковид 19. 

Од општината за медиумите информирале дека неговата состојба е стабилна, но не е познато колкав период Христовски ќе остане на болничко лекување.

ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ ЌЕ ЗАВРШИ ВАКЦИНАЦИЈАТА НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека околу 180 илјади граѓани се регистрирани во системот „Мој Термин“ со возраст над 70 години и хронични болести.

„Од нив, 50-тина илјади се веќе пријавени преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ или преку матичните лекари за вакцинација, меѓутоа ние имаме и дополнителни механизми коишто ќе ги активираме да се повикаат. Тоа е нешто на што и сега тимот кој е задолжен активно работи. Важни се неколку работи, прво дека е исклучително висок процентот на здравствени работици коишто покажаа интерес да се вакцинираат. Ние во овој следен период, не повеќе од 10 до 14 дена ќе го завршиме процесот на имунизација на сите здравствени работници, близу 4000 коишто работат со ковид пациенти. Задоволни сме и од одзивот и од тоа како се спроведува вакцинацијата.“ - истакна Филипче.

Министерот Филипче посочи дека утрово директорот на Стопанска Банка на средбата по повод донацијата му посочил дека интересот во Грција на здравствените работници е многу мал, околу 25%.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Државниот завод за статистика застана на страна на Балкан Енерџи Дооел во спорот со Град Скопје, кој сака да ја превземе топловодната мрежа. БЕГ веќе инвестирал 7,4 милиони евра, се вели во тукуштообјавениот ревизорски извештај за работењето на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.

Акционерите на „Тетекс“ денеска може да слават. И со многу реални надежи да очекуваат солидна дивидедна од ланското работење!

Македонските граѓаните будно следат што се случува на политичката сцена, а аферите и скандалите се теми за кои долго се зборува. Последно е бегството и пронаѓањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, настан кој доживеа пресврт во еден ден.

Каде бил во двата дена во кои ја крена на нозе цела Македонија, како потоа одеднаш се појави и сам дојде во Обвинителството за да си го земе решението за куќен притвор, дали навистина заминал во странство па се вратил, бил ли болен и како одеднаш температурата му се спуштила од 40 степени на нормална телесна, и дали пресудни биле предупредувањата дека членовите на неговото семејство можат да одговараат за помагање при бегство, но и да му се конфискува имотот, се работи кои ќе ги покаже некоја понатамошна истрага. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти