ФАКТОР НА ДЕНОТ: Црна сабота во Македонија, изгубивме уште 45 сограѓани
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Април, 2021
ДЕНЕС ИМА 45 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 4.920 тестирања, а регистрирани се 1.394 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 592, Куманово - 104, Битола – 101 ,Прилеп – 63,Велес – 60, Кавадарци – 50, Охрид – 39, Тетово -38, Штип – 37, Гостивар – 35, Струмица – 31, Кичево – 30, Кочани – 24, Неготино – 21, Свети Николе и Ресен – по 19, Гевгелија – 18, Струга – 17, Радовиш и Берово – по 14, Делчево и Виница – по 11, Крива Паланка - 10 ,Валандово – 8, Богданци - 6, Демир Капија – 5, Македонски Брод – 4, Дебар – 3, Пробиштип,Кратово и Пехчево – по 2, Крушево, Демир Хисар,Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Регистрирани се 479 оздравени пациенти од:
Скопје – 245, Прилеп – 35, Кавадарци – 27, Куманово и Велес – по 21, Битола и Свети Николе – по 15,Гостивар,Струмица и Гевгелија – по 12, Кочани – 11, Неготино -10, Тетово – 9, Берово,Валандово и Богданци – по 6, Пробиштип – 4, Кичево – 3 , Македонски Брод – 2, Штип,Ресен,Радовиш, Виница, Крушево,Кратово и Пехчево – по 1 .
Пријавени се вкупно 45 починати лица: 15 од Скопје ( 95г , 88г , 88г , 87г ,84г , 84г , 83г , 76г , 74г , 74г , 72г , 69г , 69г , 60г и 50г ) , - по 4 од Прилеп (82г , 71г , 56г , 54г) - по 3 од Тетово (80г , 75г , 74г, ) и Гостивар (80г ,74г, 66г) , - по 2 од Битола ( 79г и 71г) ,Куманово ( 76г и 67г ), Струмица ( 74г и 66г) , Кочани (68г и 63г) и Кичево ( 71г и 61г) – по 1 починат од Кавадарци (65г) , Штип (50г) , Гевгелија (65г) , Велес (83г) , Ресен (70г) , Радовиш (65г), Виница (70 г), Валандово (60г) , Демир Капија(72г)и Демир Хисар (66г). 44 пациенти се починати во болнички услови, додека 1 пациент е починат во домашни услови.ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ОСТАВКА ОД ФИЛИПЧЕ
Да го измиеме срамот – кога во Македонија умираат по 50 луѓе на ден Заев и Филипче летаат со хеликоптер, порача денеска на протестот пред Министерството за здравство, претседателот на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски.
Тој фрли балон полн вода кон Министерството за здравство.
„И како што го поздравивме српскиот министер за здравство, да го поздравиме и нашиот министер за здравство и провизија. Убијци се оние луѓе кои што, кога во државата починуваат 50 луѓе одат како севернокорејци со хеликоптер да се шетаат низ државата“, истакна Нелоски.ФИЛИПЧЕ БАРА ВМРО-ДПМНЕ ДА НЕ ШИРИ ЛАГИ
Министерството за здравство гo повикува ВМРО-ДПМНЕ да не шири невистини дека во болниците нема кислород и со тоа да ги одвраќа граѓаните да добијат бесплатен и квалитетен здравствен третман во јавно здравствените установи и да ги наведува да се задолжуваат, и да се лекуваат во приватни болници.
„ВМРО - ДПМНЕ како најголема опозициска партија има на располагање ефикасен и конструктивен демократски механизам, а тоа е да ја употреби својата позиција да иницира легални решенија во рамки на законодавниот дом кои ќе бидат во насока на подобрување, на квалитетот на животот и благосостојбата на граѓаните. ВМРО ДПМНЕ не само што не го искористува овој механизам, туку покажа пракса на блокирање на антикризните мерки кои резултираа со доцнење на помош и друга финансиска помош на најпогодените во ковид пандемијата, исто како кога ВМРО ДПМНЕ го блокираше и процесот на изградба на модуларни инфективни одделенија за третман на ковид пациенти“, реагираат од Министерството за здравство.
Го поздравуваат правото на мирен протест, но го повикуваат ВМРО - ДПМНЕ да ја напушти праксата да организира јавни собири во време на пандемија, загрозувајќи го здравјето на граѓаните.НА ПОТЕГ Е КОСОВО ДА ГО ЕКСТРАДИРА ИСМАИЛОВИЌ
Од Министерството за внатрешни работи за ТВ21 велат дека одреден е притвор за Африм Исмаиловиќ и се очекува лицето да биде екстрадирано во Македонија.
Македонија очекува Косово да го екстрадира Африм Исмаиловиќ, осуден на доживотен затвор за случајот „Монструм“, а кој завчера беше приведен во Приштина. Премиерот Зоран Заев денеска во Велес изјави дека тоа ќе биде потврда на меѓународни договори.
Aадвокатoт на Исмаиловиќ вели дека чекал одобрение на барањето за азил во Косово. Како што пишува порталот „Газета експрес“, тој е уапсен случајно, кога е идентификуван од поради учество во сообраќајна несреќа. Неговиот адвокат Бесник Бериша изјави дека по проверката на кривичната историја на неговиот клиент, е утврдено дека за него има меѓународна потерница и притоа надлежен обвинител му одредил 48-часовен притвор.ИДНАТА РАБОТА НЕДЕЛА ПРОДОЛЖУВА КОМУНИКАЦИЈАТА СО БУГАРИЈА
Од понеделник започнуваме нова динамика на комуникација со Бугарија, вели шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.
Тој е оптимист. Османи изјави дека поминал неколку изборни процеси и затоа знае дека изборите секогаш ги „киднапираат“ редовните политички процеси и ги подигнуваат емоциите на високо ниво.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.