25 Ноември, 2024
0.0280

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче го објасни планот за вакцинација, а денес има 476 заразени

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 09 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ГО ОБЈАСНИ ПЛАНОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА

Искусни тимови ќе работат на вакцинацијата против Ковид-19, а имунизацијата во другите градови ќе се спроведува во пунктовите по примерот на вакцинацијата против сезонскиот грип, истакна министерот за здравство Венко Филипче по денешниот работен состанок во поликлиниката Бит Пазар. Иако повторно не откри кога точно ќе ги имаме првите вакцини, тој нагласи дека имунизацијата против корона вирусот ќе почне истиот момент откако ќе пристигнат првите дози.

-Вакцинацијата во другите градови ќе се спроведува во вакциналните пунктови, по примерот на вакцинацијата за сезонски грип. Сега ги утврдивме местата, како и лекарите, медицинските сестри, искусните тимови, коишто ќе работат со системот на вакцинација и специјализантите кои ќе бидат во еден дел повлечени од специјализација од Клиниката за детки болести, за што исто така е направен распоред. Понатаму, местата кадешто тука ќе се чуваат вакцините, во фрижидерите на температура за вакцините од Кина од 3 до 8 степени и веќе спремен еден фрижидер на температура од -70 степени. Во оној момент кога ќе стигнат вакцините може практично да започне процесот на вакцинација“, рече министерот Филипче.

Во изјавата за медиуми, Филипче информираше дека овие денови правната служба интензивно разговара за транспортот и посочи дека за кратко време ќе се знае и точниот датум на испорака на вакцините во нашата земја.

НОВИ 476 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2863 тестирања, а регистрирани се 476 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 221, Прилеп и Кавадарци - по 31, Охрид – 24, Велес - 23, Куманово - 20, Тетово – 12, Битола – 11, Делчево – 9, Струмица, Кочани, Гевгелија, Неготино и Ресен - по 8, Крива Паланка – 7, Гостивар и Кичево – по 6, Штип, Струга, Пробиштип и Крушево – по 5, Радовиш, Берово, Виница, Валандово, Демир Хисар и Кратово – по 2, Македонски Брод, Дебар и Дојран – по 1.

Регистрирани се 407 оздравени пациенти од:

Скопје – 176, Охрид – 36, Тетово – 29, Куманово – 22, Струга – 19, Велес – 18, Гостивар – 15, Кичево – 12, Струмица – 11, Дебар – 10, Битола и Кавадарци – по 7, Штип и Гевгелија – по 6, Берово – 5, Кратово – 4, Кочани, Свети Николе, Ресен и Пробиштип – по 3, Прилеп, Неготино, Крива Паланка и Виница – по 2, Радовиш, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево – по 1. 

Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се 4 пациенти од Скопје (53г, 67г, 68г, 74г), и по еден смртен случај од  Прилеп (68г), Велес (75г), Охрид (72г), Струмица (81г), Кочани (63г).

Сите пациенти се починати во болнички услови.

НАСКОРО ВАКЦИНИТЕ ФАЈЗЕР ПРИСТИГНУВААТ ВО МАКЕДОНИЈА

Следната недела се очекува Македонија да ги добие и првите дози од вакцината на производителот Фајзер. Премирот Зоран Заев на вчерашната онлајн дебата со Атланскиот совет на тема „Северна Македонија на прагот од Европа” изрази надеж дека тоа дефинитивно ќе се случи, и дека потоа ќе следува пристигнувањето на вакцините и од другите производители.

Запрашан околу набавката на вакцини против Ковид- 19 во Северна Македонија, Заев истакна дека земјава меѓу првите се вклучила во КОВАКС механизмот за набавка на вакцини, но, како што истакна секаде е истиот проблем – нема доволни количества на вакцини и затоа доцни испораката.

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ЗА СКАНДАЛОТ ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА

Отворен e предмет за случајот во битолската болница каде српска државјанка извела царски рез, иако не е вработена во болницата, ниту има лиценца од македонската лекарска комора. 

Основното јавно обвинителство во Битола отворило предмет за случајот од први јануари годинава. Кон предметот е припоена и кривична пријава поднесена која вчера ја поднесе битолската полиција против три лица за пречекорување на овластувањата и за тоа што овозможиле лице без соодветна лиценца за работа издадена од Лекарска комора, да учествува во породување со царски рез. Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека  во Битолската болница има инспекција од Државниот санитарен и здравствена инспекторат, но не го коментираше случајот, затоа што прво сака да ги добие наодите од инспекцијата. 

Суспендирани се двајца лекари – гинеколози. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Нешто повеќе од 14.000 граѓани во рок од една деценија се откажале од македонско државјанство за да се стекнат со државјанство на друга земја.

Уникатна и ефективна деловна стратегија на менаџментот на УНИБанка. Во „корона година“ зголемени нето приходи од камати и провизии. Зголемени останати приходи од дејноста. Во годината на големите ризици кои ги носи пандемијата УНИБанка остана доследна на своите корпоративни деловни партнери и на клиентите – физички лица. Не посегна да вложува во државни обврзници туку пласираше кредити.

Идејата која растела можеби и со години, за брзо време по основањето стана успешна приказна. Приказна која дури ја промовира Македонија надвор – и по оригиналноста, но и по успешноста и амбицијата.

Кои се четворицата од Еуростандард банка за кои Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција нареди предистражна постапка.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ