ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче го разреши Зивери, а Дончев е повикан на разговор во полиција
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 26 Јуни, 2020
МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ГО РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ ЗИБЕРИ
Министерството за здравство информира дека е разрешен ВД Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, д-р. Арбен Зибери.
Зибери е разрешен заради пласирање на неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот.
Министерството информира дека д-р. Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот за јавно здравје е назначен за нов ВД директор на Центарот.
Попладнево на прес конференцијата министерот Венко Филипче рече дека нема да дозволи никој да ја политизира работата на Комисијата за зарзани болестиНОВИ 163 ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ
Во последните 24 часа има 163 нови позитивни на Ковид-19 од направени 1074 тестирања, од кои во Скопје има 70. При тоа во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, пациент од Ресен (42г) хоспитализиран на 13 јуни и двајца пациенти од Скопје (71г) хоспитализиран на 15 јуни и пациентка (83г) хоспитализирана на 23 јуни.
Од останатите градови Куманово има 2, Дебар-6, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-25, Струга-4, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-3, Гостивар-11, Струмица-1, Крива Паланка-2, Кочани-3, Свети Николе-4, Ресен-4.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од: Скопје-6, Куманово-1, Штип-16, Прилеп-1, Тетово-9, Велес-2, Битола-1, Гостивар-2, Кочани-1, Ресен-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.758.ДЕН ДОНЧЕВ ПОВИКАН ВО ПОЛИЦИЈА
Поранешниот директор на ФЗО, Ден Дончев бил уредно поканет на разговор во полиција.
Во ПС Карпош уредно самиот се пријавил, информираат од МВР.
По извршениот разговор си заминал.
Претходно, беа објавени аудио и видео снимки на кои наводно се гледа како Ден Дончев прима пари и разговори во кои се споменуваат имињата на поранешниот премиер Зоран Заев, и неговиот адвокат Филип Медарски.
ДАЛИ ЌЕ МОЖЕМЕ ДА ПАТУВАМЕ ВО ЕУ?Само што заврши видео средбата на иницијатива на еврокомесарот Оливер Вархеј со моите колеги од Балканот, министрите за надворешни работи, информира шефот на дипломатијата, Никола Димитров.
„Се интересираше за ситуацијата со пандемијата. Сите информиравме за ситуацијата и напорите што ги правиме секоја земја одделно, сите заедно. Нè информираше дека во Брисел комисијата, земјите-членки разговараат и треба да донесат одлука околу слободата на патување од Балканот кон Европската Унија врз основа на епидемиолошката слика. Одлука што сè уште не е донесена“, наведува Димитров.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.