ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче најави смена на Зибери, а денес нови 153 заразени
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 25 Јуни, 2020
ФИЛИПЧЕ И ЗИБЕРИ ВЛЕГОА ВО КАВГА
Во ниеден момент не донесовме политички мотивирани одлуки и ова вие добро го знаете, му одговори на Фејсбук, министерот за здравство, Венко Филипче на директорот за јавно здравје, Арбен Зибери.
Филипче вели дека ако сме во изборна кампања, не значи дека е дозволено да изнесува невистини.
„Вашата изјава е неточна, штетна и пред сѐ неколегијална, што исклучително ме загрижува. Моја должност како министер меѓу другото е да го штитам угледот на колегите од комисијата и нивните стручни одлуки. Верувам дека разбирате каква штета нанесувате во овие чувствителни моменти кога заеднички се бориме за иста цел. Го ценам придонесот на сите кои се борат со епидемијата, вклучително и вашиот, но нема да дозволам политичко поентирање на сметка на епидемијата“, пишува Филипче.
Откако директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, се пофали дека како член на Комисијата за заразни болести помогнал за отворањето на границите, без да се прават Ковид-тестови и мерка карантин, со цел иселениците Албанци да може да дојдат и да гласаат на изборите на денешната прес-конференција, Филипче најави дека станува збор за евтина и лоша предизборна политика која никому не оди во корист.ДЕНЕС ИМА 153 ЗАРАЗЕНИ И 6 ПОЧИНАТИ
Во последните 24 часа се направени 1.279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19. Починати се 6 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен. Повторно, исто како и вчера не се соопштени годините на починатите, ниту во која болница биле хоспитализирани.
Од новозаболените најмногу се во Скопје или 66, додека од Куманово се 13, а од Тетово - 20. Во Штип 13, Прилеп 2, Струга 7, Битола 1, Охрид 7, Крива Паланка 1, Кочани 1, Пробиштип 1, Свети Николе 3, Кичево 6, Ресен 12.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 55.735 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.БОКИ 13 ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ
Адвокатот Сашо Дукоски тврди дека денеска пред давањето исказ во Јавно обвинителство имало закани кон Бојан Јовановски од неговиот телефон. Тој денеска не успеал да ги поднесе сите планирани кривични пријави, но записникот останал отворен, па поднесувањето ќе продолжи на 3 јули.
Повеќе десетици имиња се на листата кривични пријави кои денеска во скопското обвинителството ги предаде Боки 13. Меѓу нив има функционери и бизнисмени за злоупотреби и други тешки кривични дела.
Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат кој се плаши од исказот на Боки 13 и неговата содржина, за преку телефон, додека истиот е на суд со неговиот адвокат, да ѕвони од непознат број и со мутиран глас да се закани на адвокатот.
За случајот „Рекет“, Јовановски доби казна затвор од 9 години.
УТРЕ ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ ИМИЊАТА НА ОНИЕ КОИ НЕ ПРИМИЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА ИЗОЛАЦИЈАВо текот на утрешниот ден, Државниот санитарен и здравствен иснпекторат, ќе ги објави имињата на 138 лица кај кои не е извршена уредна достава на решенијата.
-Во согласност со Законот за општа управна постапка, член 84, ДСЗИ отпочна со јавна објава на лицата кај кои во изминатиот период не е извршена уредна достава на решенијата, потврди за Фактор директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова.
Бухова претходно изјави дека Инспекторатот беше во постојан контакт со Агенцијата за заштита на личните податоци, за да може законски да се постапи во целиот овој процес и јавното објавување на имињата на сите оние на кои не можеа да им издадат решенија да биде во согласност со законските регулативи.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.