ФАКТОР НА ДЕНОТ: Границите ќе се поминуваат без ПЦР тестови, се отвораат и аеродромите
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Јуни, 2020
ЦЕЛОСНО ОТВОРАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ, СЕ ОТВОРААТ И АЕРОДРОМИТЕ
Целосно се отвораат границите.
Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата денеска донесе одлука од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворани сите гранични премини за непречено движење на патници и возила.
Нема да биде потребно приложување на PCR тестови, и нема да има упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин, информира премиерот Оливер Спасовски.Наскоро ќе се отворат скопскиот и охридскиот аеродром.
Ваква одлука донесе Владата.
„Владата денеска донесе одлука од 1 јули, среда, да бидат отворени за сообраќај Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Согласно овие одлуки Владата денеска донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни“, информираат од Владата.ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ 118 НОВИ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУСОТ
Во последните 24 часа се направени 1.363 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 55
-Куманово 9
-Дебар 1
-Штип 1
-Прилеп 4
-Тетово 20
-Струга 2
-Велес 2
-Битола 1
-Охрид 9
-Гостивар 4
-Гевгелија 1
-Струмица 2
-Свети Николе 1
-Кичево 1
-Ресен 5
Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица од Скопје - пациент (58г) примен на 9 јуни, пациент (73г) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73г) примена во боницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72г) на 21 јуни, денеска е потврден неговиот позитивен резултат.
Досега се починати 251 пациент.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Јавноста треба да биде целосно спокојна и да има потполна доверба во нашиот капацитет успешно да продолжиме со одбраната на стабилноста на курсот на домашната валута.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.