ФАКТОР НА ДЕНОТ: Изгласан законот со кој ќе се дозволи увоз на вакцини, денес 61 заразен
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Февруари, 2021
ВО СОБРАНИЕ ПОМИНА ЗАКОНОТ КОЈ ЌЕ ОВОЗМОЖИ УВОЗ НА ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД
Со 70 гласа „за“ од исто толку присутни пратеници, попладнево во Собранието беше изгласан предлог-законот за лекови и медицинските средства по скратена постапка со кој ќе се дозволи увоз на вакцини против Ковид-19, пред се оние на „Фајзер“.
Со ова законско решение ќе се овозможи издавање одобрение за ставање во промет на вакцини од подносителот на барањето кој нема седиште на територијата на Македонија. Пратеникот Антонио Милошоски рече дека оваа законска измена доцни 100 дена
- Од 15 октомври поминати се 100 дена. Ако започнеше на 24 декември, како што започна вакцинацијата во повечето земји,до денес ќе спасевме еден, два или десет човечки животи. Не сме емиграциска држава каде што можеме таа бројка да ја покриеме од 2.900 починати до денес. Претседателот Стево пендаровски рече дека сме мал пазар, но мал пазар се и Исланд и Малта, па таму има успешна вакцинација, рече Милошоски меѓудругото.
Бети Рабаџиевска Наумовска од владеачкото мнозинство рече дека оваа измена се прави поради тоа што компаниите производители на вакцината не сакаат да прават договори со локалните компании, туку смаите да аплицираат.МЕСЕЦОВ СЕ ОЧЕКУВААТ ПРВИТЕ ВАКЦИНИ
„Пандемијата покажа дека земјите во развој и развиените земји се меѓусебно зависни. Во таа насока неопходно е мултилатерално координирање и работа за еднаков пристап и дистрибуција на вакцини, тестови и терапија. Ниту една економија не може целосно да закрепне сè додека немаме глобален правичен пристап до вакцини, терапија и дијагностика. Економската активност нема да се врати во нормала се додека сите земји не ја стават под контрола пандемијата“, истакна премиерот Зоран Заев во интервју за печатеното издание на „Капитал“.
Премиерот подвлече дека темата за вакцините, со право, го окупира целиот свет не само нас и додаде дека целосно го разбира чувството на граѓаните колку што е можно побргу да започне процесот на вакцинација и во нашата земја.ДЕНЕС 61 ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 678 тестирања, а регистрирани се 61 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 35, Кавадарци –7, Тетово – 3, Прилеп – 3, Штип – 3 , Охрид -2, Струга -2, Кочани – 2, Куманово – 1, Гостивар -1, Велес – 1, Крива Паланка – 1 .
Регистрирани се 440 оздравени пациенти од:
Скопје – 266, Кавадарци – 26, Куманово – 23, Битола – 18, Прилеп – 17, Тетово – 13, Струмица – 12, Штип – 10, Кочани -9, Велес – 7, Гостивар – 6, Крива Паланка – 5 , Берово – 5 , Пробиштип – 5, Кичево – 3, Гевгелија – 2 , Неготино – 2 , Ресен – 2 ,Виница – 2 , Богданци – 2 , Охрид – 1 , Свети Николе -1 , Радовиш – 1 , Демир Хисар -1 , Пехчево – 1.
Починати се 11 лица, 6 пациенти од Скопје (83,83,82,81,73 и 67г), два од Гостивар ( 60 и 61г ) и по еден од Охрид (83г), Струмица (75г) и Тетово (77г).ЌЕ ИМА ПРИЈАВИ ЗА „МОНСТРУМ“
Утре или задутре ќе има детали за поднесени пријави за протестот за случајот „Монструм“.
Ќе има кривични и прекршочни пријави за протестот кој се одржа минатата недела во Скопје, при што демонстрантите скандираа големоалбански пароли и фрлаа камења. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ова го соопшти денеска откако на дебата за измените во Законот за полиција, пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека во изминатиот период полицијата селективно постапувала и го спомена настанот од Вевчани.
„Детално ќе информираме утре или задутре врз основа на тоа што ќе биде сработено и завршено до крај од одделот за насилен криминал и јавното обвинителството. Така што никаде нема состојба каде не се преземаат дејствија. Само се прави процена како и на кој начин да ја зачуваме состојбата на задоволително ниво и да не настанат поголеми штети. Меѓутоа одговорноста секако ќе има“, рече Спасовски.БОРКО РИСТОВСКИ СВЕДОЧЕШЕ ЗА 27 АПРИЛ
Поранешниот голман на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски денеска како сведок на одбраната на обвинетите за организација на крвавиот настан на 27 април 2017 во Собранието рече дека на фамозниот датум не бил во Скопје и дека на движењето „За заедничка Македонија“ му давал смао морална поддршка.
Рече декa не е член на ниту една партија, но оти како Македонец дал поддршка на протестите со статуси на Фејсбук.
- Давав морална поддршка со коментари на Фејсбук како Македонец, сведочеше Ристовски.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.