17 Мај, 2024
0.0331

ФAKTОР НА ДЕНОТ: Кафулињата ќе работат до 18 часот, во Италија над 1.000 починати

Објавено во: Македонија 12 Март, 2020

Добивај вести на Viber

КАФЕТЕРИИТЕ ЌЕ РАБОТАТ СО СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ

Нов сомнителен случај на Клиниката за инфективно се тестира за коронавирус. Тој пациент утринава се јавил со симптоми на температура а дошол од Германија на седми март. За ова информираше министерот Филипче пред малку на прес конференцијата.

Тој во однос на состојбата на заразените деветмина кажа дека шест од нив се стабилни додека кај тројца од нив кои се на возраст над 65 години од синоќа има влошување на состојбата и се интензивирала терапијата.

Вчера беше назначена нова директорка на клиниката за кожни болести.

Утринава пак на Комисијата за заразни болести се разгледани нови дополнителни мерки кои ќе бидат разгледани денес на седница на Влада.

Меѓу нив , Филипче кажа дека ќе се предложи забрана на сите јавни и приватни собири без разлика на бројката на луѓе, кафетериите и рестораните да работат со скратено работно време до 18 часот, и капацитетот на луѓе да биде ограничен а луѓето да бидат на растојание од еден метар еден од друг. 

Ќе се предложи како што кажа министерот и да се откажат сите кино проекции, театри концерти, како и продолжување на терапијата на хроничните болни кои досега требаше да одат на лекар специјалист од следните денови да можат да одат и кај матични.

Министерот потсети и дека СЗО синоќа прогласи пандемија.

ТЕСТИРАНО ЕДНО ЛИЦЕ, РЕЗУЛТАТИТЕ НЕГАТИВНИ

Лицето што утрово се тестираше на Инфективната клиника нема коронавирус. 

Тестовите за коронавирус на лицето што утрово се јавило на Инфективната клиника во Скопје со висока температура се негативни,   изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски на прес-конференцијата во Владата.

Вчера беа потврдени два нови случаи. 

Се работеше за лица од Дебар. 

ИЗБОРИТЕ НЕМА ДА СЕ ОДЛОЖАТ

Засега нема потреба да се одложуваат изборите, ниту да се свикува повторно Парламентот кој е распуштен, ниту да се носи ребаланс на буџетот, бидејќи засега тој е ликвиден. 

Ова го изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски по лидерската средба.

Сега за сега не треба да се свикува Собранието, бидејќи има ликвиден буџет и стабилна фискална политика, но ако има потреба и тоа ќе се случи. 

„Разговаравме за сите аспекти кои можат да бидат последица. Здравјето и животот на граѓаните е над се, но и грижата за економијата. Денеска во 16 часот ќе имам средба со економскиот тим на Владата и со стопанствениците, и на основа на импликациите од мерките, тие да бидат воведувани тогаш кога за нив ќе има потреба“, рече Спасовски.

Не е разговарано за одложување на изборите, бидејќи лидерите сметале дека засега не треба да се носи таква одлука. 

ВО ИТАЛИЈА ПОЧИНАА НАД 1.000 ЛУЃЕ

Во Италија тројца лекари починале од коронавирус, а само во Бергамо има 50 заразени. 

Се бара премиерот Џузепе Конте да донесе соодветни решенија за да спречи пациентите да имаат слободен и неконтролиран пристап до клиниките и болниците, со што ќе се запре ширењето на вирусот во медицинските установи. 

Италија најмногу страда поради коронавирусот, глобалната пандемија, која го исплаши цел свет. 

Целиот свет сочувствува со Италија, која е најпогодена од ефектите на вирусот корона, глобална пандемија што му се заканува на целиот свет. 

Лела Садикарио која живее во Милано, Италија на својот Фејсбук профил објави трогателно сведоштво за состојбата со корона вирусот во оваа земја и упати апел до сограѓаните во Македонија сериозно да ја сфатат заканата од оваа болест. Повика да ги почитуваат препораките за спречување на ширењето на вирусот. 

Пишува дека дневно губат по 200 луѓе, а има и по 2.000 заразени. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Макарони, шпагети, масло за јадење, тоалетна хартија, брашно и конзерви, но и дезинфекциски средства и хируршки маски. 

Се полнат колички, се чекаат редици во маркетите, се празнат рафтови. 

Економските ресори на Владата будно ја следат состојбата во економијата и стопанството преку домашните економски и финансиски институции, Светската банка и други и врз основа на направените анализи доколку е потребно ќе се пристапи кон воведување на соодветни мерки. 

Ова е еден од заклучоците на Владата по вчерашаната седница на која беа усвоени и дополнителни препораки за заштита од ширењето на корона вирусот Ковид 19.

Не се плашат од опасниот коронавирус, не носат маски за заштита.

Ваква е состојбата во српскиот град Мајданпек, каде има до 500 Кинези, кои живеат во ова мало место близу романската граница. 

Берзата руши негативни рекорди. Се уште не е завршено денешното тргување, но цените на акциите се буквално во слободен пад. Некои од компаниите губат и по осум проценти од вреднста на акцијата, а индексот МБИ 10 падна денеска досега за над осум отсто. 

Но, ова не се случува само денеска.

Можеби ќе ве интересира

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова