ФАКТОР НА ДЕНОТ: Kaрантинот ќе трaе 42 часа, а границите ќе се отворат идниот месец
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 22 Мај, 2020
ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ТРАЕЊЕТО НА КАРАНТИНОТ
Владата донесе одлука за карантинот за празникот.
„Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд. Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05:00 часот. Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19:00 часот до 05:00 часот наутро“, информираат од Владата.
Граѓаните од муслиманска вероисповед ќе го слават Курбан Бајрам.На 24 мај се слави и денот на сесловенските просветители, Свети Кирил и Методиј.
ФИЛИПЧЕ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА ОТВОРАЊЕТО НА ГРАНИЦИТЕ
Границите треба да се отворат на еден синхронизиран начин со соседите, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, во интервју на ТВ 24.
Тој рече дека кон средината на јуни целосно ќе се отворат македонските граници.
„Во Србија и Босна и Херцеговина изминатите денови има пораст на заразените. Ние разговаравме со Грција, разменивме искуства, каков е таму бројот на пациенти. Има некои отворени прашања кои се многу битни. Прво, дали ќе се бараат тестови кога границите целосно ќе бидат отворени, каков ќе биде третманот ако евентуално некој ќе се разболи таму од Ковид 19. Разговаравме да се олесни практично преминувањето на граничните премини, за да нема многу чекање…го чекаме официјалниот став на Грција во текот на идната недела. Мислам дека е прерано сега да ги отвориме границите“, изјави Филипче за ТВ24.
Тој додаде дека кога ќе се отворат границите и аеродромите граѓаните ќе можат секаде да патуваат, но притоа ќе мора да се придржуваат кон прописите и протоклите.ТЕТОВЕЦ ПОЧИНА ОД КОРОНАВИРУСОТ
Во изминатите 24 часа, се потврдени нови 23 случаи на новиот коронавирус, од кои најмногу се регистрирани во Скопје - 12 случаи во Скопје, по четири нови има во Куманово и во Тетово, два во Прилеп и еден случај во Неготино, информира Министерството за здравство.
Оттаму велат дека денеска во болницата „8-ми Септември“ во Скопје починал 47-годишен пациент од Тетово, кој има и други здравствени заболувања, односно хронии болести. Починал само еден ден откако бил хоспитализиран, по што му бил направен корона тест кој покажал дека е позитивен.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести во Скопје, се примени осум нови пациенти, а моментално се хоспитализирани вкупно 56 пациенти.СРБИЈА ГИ ОТВОРИ ГРАНИЦИТЕ
Србија од денеска ги отвори своите граници, но за сите патници, според одлуката на владата задолжителен е тестот за корона вирусот кој мора да биде негативен. Во функција повторно е ставен и меѓународниот аеродром во Белград, „Никола Тесла“.
Српската влада, ваквата одлука ја донесе по препорака на Кризниот епидемиолошки штаб, кој вчера оцени дека во земјата епидемиолошката состојба е стабилна.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Приказните за девалвација на денарот се целосно без основа и според економските индикатори стабилноста на денарот воопшто не е загрозена, се согласуваат двајца поранешни гувернери.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.