25 Ноември, 2024
0.0284

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Koроната однесе 50 животи, денес 1.320 заразени

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Април, 2021

Добивај вести на Viber

ЦРН ДЕН ЗА МАКЕДОНИЈА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 4.174 тестирања, а регистрирани се 1.320 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 580, Битола – 113, Куманово – 75, Прилеп – 59, Велес – 50, Охрид – 43, Кавадарци - 41, Тетово – 38, Гостивар – 36, Струмица – 32, Штип – 31, Кочани – 30, Гевгелија – 27, Ресен – 24, Кичево – 22, Радовиш – 14, Струга – 13, Берово – 12, Неготино - 10, Крива Паланка и Валандово – по 9, Виница – 8, Богданци – 7, Делчево - 6, Свети Николе и Македонски Брод - по 5, Дебар, Пробиштип, Демир Капија и Демир Хисар – по 4, Крушево - 3, Кратово и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 457 оздравен пациент од:

Скопје – 133, Прилеп – 46, Кавадарци – 35, Куманово – 34, Велес – 22, Гостивар – 20, Штип – 19, Тетово и Неготино – по 18, Битола, Гевгелија и Струмица – по 15, Кочани – 12, Кичево – 8, Свети Николе – 7, Берово – 6, Радовиш и Пробиштип – по 5, Ресен, Делчево и Виница – по 4, Валандово – 3, Крива Паланка, Демир Капија и Македонски Брод – по 2, Охрид, Кратово и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се вкупно 50 починати лица: 19 од Скопје (95г,92г,86г,84г,81г,80г,80г,78г,76г,75г,73г,73г,70г,70г,68г,62г,61г,60г,58г), 4 од Кичево (63г,62г,56г,53г), по 3 пациенти од Куманово (74г,74г,56г), Битола (73г,69г,55г), и Штип (82г,67г,53г), по 2 од Прилеп (82г,53г), Велес (77г,70г), Струмица (84г,74г) , Кочани (66г,63г) и Крива Паланка (77г,53г), а по еден пациент е пријавен од Тетово (46г), Гостивар (65г), Кавадарци (65г), Охрид (58г), Струга (72г), Неготино (62г) и Ресен (76г). 46 пациенти се починати во болнички услови, додека 4 пациенти се починати во домашни услови.

ПРОТЕСТ ЗА „МОНСТРУМ“, ИСМАИЛОВИЌ УАПСЕН ВО ПРИШТИНА

Протестот за  пресудите за „Монструм “ за прв пат се одржува пред Владата, откако минатиот пат полицискиот кордон го спречи на Бит Пазар.

Организатори на овој протест се семејствата на осудените во случајот „Монструм“, а незадоволство беше изразено и за пресудите за убијците на Никола Саздовски.

Овој пат на протестот нема немири и судир со полицијата, а беа истакнати фотографии од обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска, судијката Добрила Кацарска и јавниот обвинител Љубомир Јовевски.

Африм Исмаиловиќ, осуден за случајот „Монструм“ вчера е уапсен во Приштина. 

Полицијата го уапсила поради учество во сообраќајна несреќа, објави денеска порталот „Газета експрес“. Неговиот адвокат Бесник Бериша изјави дека по проверката на кривичната историја на неговиот клиент, е утврдено дека за него има меѓународна потерница и притоа надлежен обвинител му одредил 48-часовен притвор. 

Исмаиловиќ, како и неговиот брат Агим и Халил Демири, на 23 февруари годинава беа осудени од Кривичниот суд во Скопје на доживотен затвор по обвинението дека на 12 април 2012 година кај Смилковско Езеро извршиле петкратно убиство. Двајца други обвинети, Фејзи и Хаки Азири, беа осудени на 15, односно девет години затвор.

ЗАЕВ И МИНИСТРИ ЛЕТАА СО ХЕЛИКОПТЕР ДО ПРИЛЕП

Премиерот Зоран Заев вечерва во „Само интервју“ на Канал 5 изјави дека досега 3 или 4 пати за службени потреби користел хеликоптер на МВР. 

Вели дека не е проблем да даде одговор на ова прашање, но и дека како премиер често пати знае да патува со приватен автомобил. Заев рече дека можеби има страв од летање, но мора.  Заедно со министри денеска со хеликоптер патуваа до Прилеп и назад. За ова имаше критики од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Срамно е оправдувањето на владата на Заев дека тој и Филипче патувале во Прилеп со хеликоптер за да имале време за дневните агенди и кабинетски обврски. Нивната измислена обврска денес, поради која се потрошија илјадници евра, беше само да се сликаат кај модуларната болница која е во градба – бидејќи со лопати во раце не ги видовме. Нивната реална обврска не е да летаат со хеликоптер туку да набават вакцини за населението. Заев и Филипче ја злоупотребуваат моќта летнати во облаци, додека обичните граѓани се изложени на загаден воздух и смртоносен вирус“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. 

СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ГРАЃАНИ КОИ САКААТ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ

Според поселдната анкета на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, (ИДСЦС), половина од испитаните граѓани во Македонија дале потврден одговор дека сакаат да се вакцинираат, 34% категорично изјавиле дека не би се вакцинирале, а 16% се двоумат.

Во однос на прашањето со која вакцина би се вакцинирале, највисок процент, однсно 39 отсто се изјасниле за вакцината од производителот Фајзер, а руската, Спутник V би ја примиле 21 % од испитаниците. Помала заинтересираност граѓаните искажуваат за вакцините на Синофарм, која ја преферираат 6 отсто, потоа на Модерна, која ја преферираат 5 проценти, додека најмалку преферирана вакцина е Астра Зенека, за која се определиле само 3 отсто од граѓаните.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Измените на законот за приредување игри на среќа се објавени на Електронскиот национален регистар на прописи, според кој приредувачите ќе плаќаат поскапи лиценци, а ќе треба да ги оддалечат своите деловни простории, односно уплатно-исплатни места на 500 метри од најкраткиот пат до училиштата.

На сточарите тешко им оди да најдат овчари во земјава кои би се грижеле за нивните стада, па затоа ангажираат овчари од соседна Албанија.

Се чини дека нема подобро заштитен податок во земјава од оној за платите на вработените на Агенцијата за електронски комуникации.

Сега е пандемија, помина тешка година, специфична по многу работи, кризна. Но, кризното време е време на предизивици. Најголемиот досега го имаше и Божидар Јанковски, првиот човек на Динерс Клуб Македонија. 

foto freepik

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа