Добивај вести на Viber
НОВИ 8 ЖРТВИ И 163 ЗАРАЗЕНИ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-87, Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-3, Ресен-5.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 230 оздравени лица од: Скопје-126, Куманово-31, Штип-11, Прилеп-1, Тетово-45, Велес-7, Кавадарци-1, Гостивар-1, Кочани-1, Свети Николе-2, Ресен-2, Неготино-2.
Починати се 8 лица, шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 59 години. На Клиника за токсикологија е почината пациентка на 79 години, кај која присуството на вирусот е потврдено постмортем.
Во ГОБ „8 септември“ починати се четворица пациенти на возраст 58, 61,62 и 66 години. Во ОБ Тетово почина пациент на 53 години. Во Филип Втори (Жан Митрев) е починат пациент од Дебар на 52 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7406, бројката на оздравени пациенти е 3554, на починати е 359, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3493. Еден од вчерашните тестови е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3573, активни 1895
• Куманово 813, активни 174
• Дебар 118, активни 65
• Штип 404, активни 159
• Прилеп 286, активни 55
• Тетово 805, активни 343
• Струга 282, активни 181
• Велес 198, активни 37
• Битола 63, активни 22
• Охрид 210, активни 181
• Кавадарци 22, активни 15
• Гостивар 180, активни 109
• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 18, активни 10
• Крива Паланка 17, активни 11
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 7, активни 3
• Кочани 75, активни 17
• Пробиштип 28, активни 17
• Демир Хисар 3, активни 2
• Македонски Брод 6, активни 4
• Пехчево 6, активни 2
• Берово 3, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 6, активни 3
• Свети Николе 56, активни 49
• Кичево 52, активни 43
• Ресен 127, активни 87
• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1794 теста се преку: ИЈЗ-1002, Авицена-102, Биотек-155, МАНУ -123, Жан Митрев (Филип Втори) -209, Судска медицина – 14, Систина со PCR метода -148, ЦЈЗ Битола-41.
Досега во земјата се направени вкупно 71.220 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.ПОВТОРНО СЕ ПОЈАВИЈА „БОМБИ“
Миле Јанакиески, поранешниот министер за транспорт и врски, и Александар Николоски, еден од носителите на кандидатските листи за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, според нивните гласови во нова аудио-снимка, договараат евентуална симулација на сообраќајна несреќа за да не можат да гласаат етнички Албанци на локалните избори во 2013.
Ова може да се слушне од материјалот објавен на Јутјуб каналот „Обнова на режимот“ а станува збор за постара аудио снимка од телефонски разговор. Според конверзацијата, Јанакиески му предлага на Николоски да организираат сообраќајна незгода на превојот Пресека на патниот правец Кичево – Охрид. Гласачите претходно требало со два авиони да слетаат на охридксиот аеродром.
„Александар слушај сега, идеја со Горде ја зборевме. Има два авиони Шиптари слетуваат сега во четири-четири и пол. Да направиме една сообраќајна несреќа кај Пресека, ситна. Да се коли, па МВР увид, ваму-таму, трактор да се испреврти, нешто, сериозно ова ти го зборувам“, му вели во еден момент Јанакиески на Николоски.ПОЛИТИЧАРИТЕ СО ВЕТУВАЊА ДО ГРАЃАНИТЕ
Седењето дома е бело знаме и предавање во однос на правдата, порача носителот на листата на коалицијата „Можеме“ во Изборната единица 1, Никола Димитров.
Тој им се обраќа на разочараните граѓани, и ги повикува да 15 јули да излезат и да гласаат.
Вели дека и тој е разочаран, но не се откажува, не крева раце. Со личен пример, повторно, сакаме да потсетиме дека Македонија може да ги врати младите дома, иако сметаме дека вистинскиот предизвик е потоа да ги задржиме тука, вели претседателот на Граѓанско Демократската Унија (ГДУ) Петар Колев, кој и самиот е млад претприемач кој се одлучи да се врати во Македонија за да живее, откако повеќе години работел и живеел во други европски земји.
Македонски концепт на овие избори се залага за влез во Парламентот на Македонија и поддршка на Влада со силен економски тим кој примарно ќе биде насочен на економијата во земјата.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Oд месецов работниците во земјава ќе треба да добиваат повисок минималец, и се очекува дека исплаќањето нема да биде проблем во текстилниот и кожарскиот сектор.
Позната скопска еснафска и богата фамилија од албанско етничко потекло е новиот сопственик на најголем дел од деловниот простор на „Технометал Вардар во стечај“.
Комисијата за хартии од вредност на вчерашната седница му даде дозвола на компанијата „Свислион“ да понуди да стане целосен сопственик на „Агроплод Ресен“ и да ги докупи сите преостанати 8.364 акции, односно 31,5 отсто од структурата, така што ќе треба да плати 1,84 милиони евра.
Регулаторната комисија за енергетика прави премсетки за намалување на цената за пренос на природен гас.
Дали учениците ќе седнат во школските клупи од 1.септември? Ова е прашањето што уште од сега ги мачи најголемиот дел од родителите, и тоа сосема исто и оние кои имаат деца во пониските одделенија, како и оние чии деца се веќе тинејџери.
Од почетокот на корона кризата па досега, Владата примила вкупно донации од околу 4,5 милиони евра. Станува збор за пари што се добиени од организации, компании, но и од бројни поединци, кои не го откриле својот идентитет.
По подолг период, денеска во ГОБ „8 Септември“ испишале 15 пациенти кои успешно се излекувани од корона вирусот, вели директорот на оваа здравствена институција, д-р. Христијан Костов.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.