ФАКТОР НА ДЕНОТ: Крешник Бектеши оди во куќен притвор
Објавено во: Македонија 15 Мај, 2025 22:38
БЕКТЕШИ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР
Судот го прифати предлогот на Обвинителствo, а екс министерот за економија, Крешник Бектеши оди во куќен притвор.
Основниот суд Кочани го прифатил предлогот на Јавното обвинителство за укинување на ефективниот притвор и замена со поблага мерка, куќен притвор, за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши.
Судот уште нема одлучувано по останатите предлози на Обвинителство за 19 лица, во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.КОШТА ВЕЛИ ДЕКА НЕ НИ ТРЕБА ПЛАН Б, ТУКУ ДА СЕ СПРОВЕДЕ ПЛАН А
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска во Скопје ги повтори познатите позиции на Брисел дека „она што е договорено е договорено и нема повеќе што да се договара“.
Кошта инсистира дека Македонија мора да ги исполни преземените обврски од 2022 година, односно земјава да ги усвои уставните измени со кои Бугарите треба да се вметнат во македонскиот Устав, додека премиерот Христијан Мицкоски е дециден дека додека е тој премиер тоа нема да се случи, се додека од другата страна, односно Бугарија, има нула испорака. И Мицкоски и Кошта беа согласни во тоа дека процесот на евроинтеграција на земјава трае премногу долго.ТАРАВАРИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА
Mинистерот за здравство, Арбен Таравари и официјално ја поднесе својата оставка од функцијата до премиерот, Христијан Мицкоски.
„Ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата министер за здравство на Република Северна Македонија. Одговорноста што ја преземав со оваа функција ја извршував со максимална посветеност, транспарентност и чувство за должност кон граѓаните и државата. Одлуката ја носам по внимателна, лична и професионална проценка, уверувајќи дека овој чекор е во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи. Ви благодарам за довербата и можноста да бидам дела од Владата во еден исклучително значаен период за здравствениот систем. Останувам отворен за соработка и поддршка во иднина секогаш водејќи се од јавниот интерес“, стои во оставката.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




