ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија го одбележува 11 Октомври, Koвачевски упати порака дека сме на вистинската страна
Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2022 21:39
МАКЕДОНИЈА ГО ОДБЕЛЕЖУВА 11-ТИ ОКТОМВРИ
По повод одбележување на 11 Октомври, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски изјави дека Куманово е слободарски, револуционерен град, град на соживот.
„11 Октомври е голем симбол и силен потсетник за македонската државност. 11 Октомври не задолжи сите нас да не се откажуваме од нашите национални вредности“, рече Димитревски.
Вели дека денес кај нас како печурки „никнуваат“ клубови, кои величаат соработници на фашизмот. Димитриевски се повика на изјавата на првиот македонски претседател Киро Глигоров, кој велеше дека Македонија е се што имаме.Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска од Куманово порача дека тоа што денес го прават, ја одредува иднината на нивните деца.
За секој кој го почитува македонското минато, вели дека ова е патоказот. Тој зборуваше за формирањето на првите паризански одреди.
„Данокот на оваа победа е во крв, страдања и загуби на луѓе, домови, и огромни економски штети. Но, денешна Македонија постои благодарение на ова“, рече Ковачевски.МАКЕДОНЕЦ ПОЧИНА ВО ХРВАТСКА
Maкедонец починал откако му се слошило додека нуркал во областа Бриони кај малиот хрватски остров Вис во Јадранското Море, јави Индекс.хр.
Веднаш била испратена брза помош да интервенира, но нуркачот веќе починал. Трагедијата се случила денеска околу 11 часот во близина на островчето Равник, на 500 метри од заливот Рукавац на Вис.ЗЕЛЕНСКИ БАРА МЕЃУНАРОДНИ НАБЉУДУВАЧИ НА ГРАНИЦАТА СО БЕЛОРУСИЈА
Бараме меѓународни набљудувачи на границата со Белорусија, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој се плаши дека Русија сака да ја вовлече Белорусија во војната.
„Русија се обидува директно да ја вовлече Белорусија во оваа војна, со провокација дека наводно подготвуваме напад врз таа држава”, рече Зеленски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




