ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски даде отчет за сработеното во првите 100 дена, опозицијата го критикуваше
Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2024 21:39
МИЦКОСКИ ДАДЕ ОТЧЕТ ЗА ПРВИТЕ 100 ДЕНА
Првите 100 дена од изборот на новата Влада не беа лесни, но беа клучен период во кој многу работи станаа јасни - каде сме и каде треба да одиме и што е потребно за да стигнеме таму. Но, најважно покажавме дека сме одлучни и посветени да се справиме со предизвиците без разлика на опструкциите со кои се среќаваме и проблемите и стапиците што се поставени пред нас, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Како што истакна на денешната прес-конференција во Владата за одбележување на првите 100 дена од работата на новата Влада, наследената состојба била многу полоша отколку што кој било очекуваше, а состојбите се далеку од идеални. За 100 дена, нагласи, реализиравме, донесовме или отпочнавме над 100 проекти, мерки и одлуки важни за граѓаните.ОПОЗИЦИЈАТА ГО КРИТИКУВАШЕ МИЦКОСКИ
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче побара од владината коалиција да го презентира планот по кој ветуваа дека ќе ја движат државата напред.
„Ниту Мицкоски, ниту целата владина коалиција ЗНАМ и ВЛЕН не кажуваат како оваа земја ќе продолжи напред, ниту со каква временска динамика. Дали постои друга алтернатива, дали има нешто ново или ќе останеме целосно изолирани како слепо црево на Балканот“, рече Филипче.
Според Филипче, францускиот предлог претставува комплексен сплет на документи, во кој влегуваат и преговарачката рамка и Договорот за добрососедство и според кој за прв пат во историјата на односите помеѓу Македонија и Бугарија прашањата помеѓу двете земји се издигнати на ниво на Европската Унија.ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ПОЛИЦАЈЦИ И ИНКАСАНТИ ЗА НЕПЛАЌАЊЕ ПАТАРИНИ
МВР поднесе кривична пријава против 12 сообраќајни полицајци и шестмина инкасанти на наплатна рампа Романовце од ЈП Државни патишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластувања“
Вработени на патарината Романовце, која се наоѓа на патот кој води кон Куманово пропуштале полицајци без да им наплатат. Нивните приватни возила биле пропуштени 959 пати во периодот од 01 јануари до 15 август годинава. Ако се земе предвид дека патарината чини 60 денари значи го оштетиле буџетот за 57.540 денари или околу 935 евра. МВР поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за шест вработени и 12 полицајци за „злоупотреба на службена положба и овластувања“.ОД ССМ РАЗОЧАРАНИ ЗАТОА ШТО НЕ СЕ ЗГОЛЕМИ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ), Слободан Трендафилов вели дека во рок од 100 дена, колку што одбележа Владата, требало да се најде време за одржување на Економско-социјалниот совет, на кој седнуваат заедно Организацијата на работодавачи, Сојузот на синдикати и претставниците на Владата и на кој се разговара за отворените прашања.
„Не би коментирал што се случи во првите 100 дена. Утре ќе биде 101. ден од новата Влада и повторно нема да биде ништо сменето“, рече Трендафилов.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




