ФАКТОР НА ДЕНОТ: Направен е списокот на граѓани кои ќе бидат повикани на вакцинација, денес 175 заразени со корона
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 31 Јануари, 2021
НАПРАВЕН Е СПИСОК ОД 14.000 ГРАЃАНИ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА
Прецизирано е кои категории граѓани први ќе ја примат вакцината против коронавирус.
Готови се списоците на здравствени работници и на хронично болни кои први ќе бидат вакцинирани, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
Последната препорака е да се вакцинираат и луѓето кои биле заболени без разлика дали имаат или немаат антитела.
„И покрај вакцината, мора да се почитуваат мерките за заштита. Направен е список од 14.000 граѓани кои ќе бидат повикувани преку матичните лекари, преку системот „Мој термин”, вели Филипче.
Македонија ќе набави кинеска вакцина. Се очекува дека во февруари ќе почне процесот на вакцинација.НОВИ 175 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1.733 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 90, Кавадарци – 15, Тетово – 11, Куманово – 7, Охрид – 6, Кратово – 6, Дебар – 5, Гостивар – 4, Прилеп – 4, Струмица - 4, Ресен – 4, Велес – 3, Струга - 3, Битола - 2, Гевгелија – 2, Виница – 2, Штип – 1, Берово – 1, Кичево - 1, Неготино - 1, Делчево – 1, Крушево – 1, Свети Николе – 1.
Регистрирани се 365 оздравени пациенти од:
Скопје – 288, Велес – 10, Прилеп - 7, Куманово – 7, Гостивар – 7, Штип - 7, Кочани – 4, Гевгелија – 3, Крива Паланка – 3, Виница – 3, Кратово – 3, Кичево - 3, Тетово – 2, Дебар - 2, Берово – 2, Богданци – 2, Пехчево – 2, Охрид - 1, Битола – 1, Кавадарци – 1, Ресен - 1, Радовиш - 1, Пробиштип - 1, Крушево – 1, Демир Хисар - 1, Македонски Брод – 1, Неготино – 1.
Починати се 7 лица, 2 пациенти од Скопје (85 и 43г), и по еден од Охрид (83г), Штип (79г), Тетово (67г), Берово (80г) и Велес (74г).ПРАТЕНИК НУДИ ПРЕВОЗ ЗА ГРАЃАНИ ДО СКОПЈЕ
Пратеникот oд СДСМ, Мартин Костовски кој живее во Куманово, а до своето работно место во Собранието во Скопје патува со автомобил упати несекојдневен повик до своите сограѓани.
Оние кои патуваат во Скопје, а особено (пациенти, студенти и генерално секој кој патува до главниот град) можат секојдневно тоа да го сторат така што ќе патуваат заедно со него. Неговата идеја е бидејќи граѓаните се тие кои учествуваат во покривањето на патните трошоци на пратениците(преку плаќање на даноци) да бидат и корисници на овој превоз.
Пратеникот секој ден ќе застанува близу Основниот суд или Општата Болница во Куманово, каде што било кој кумановски граѓанин кој има потреба да патува во Скопје ќе може тоа да го направи заедно со Костовски, без никаков надомест, а истовремено доколку сака ќе може да поразговара со пратеникот за било каков проблем или прашање што го тангира него како граѓанин. Костовски вели дека ова е мал гест, но од срце.ЗЕМЈОТРЕС БЛИЗУ КИЧЕВО
Во рок од 5 дена имаше дваесетина потреси во Македонија. Се тресеше западиот дел на земјата.
Од 27 јануари во мавровскиот регион eвидентирани се повеќе земјотреси од кои најсилниот беше од 3,6 степени. Епицентрите на сите земјотреси беа близу езерото, со длабочина од еден до два километри.
ЧИТАЈТЕ УШТЕДали се плашите од темнината? Оваа телевизиска серија некогаш требаше да ги едуцира македонските деца со поучни но, страшни приказни распламтувајќи ја нивната фантазија без експлицитноста на хорор жанрот. Денес, толку сме длабоко заглавени во темнината што повеќе се плашиме да не огрее светлината. Да ја разобличи лагата на политичарите, да фрли светло на манипулациите и да ни блесне силно во очите, па ако сме доволно храбри да ги погледнеме работите онакви какви што се.
Монструмите одамна живеат во нашите соби, на ачик, на видело, без срам и страв. Дали тој што си поигрува со човечки судбини е монструм? Дали е тој негативецот во оваа приказна која веќе изглегува од хорор жанрот и се трансформира во драма на секојдневието, она кое ни смета кога го гледаме прикажано во медиумите, она кое сакаме да негираме дека е единствената слика за нас.foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.