20 Декември, 2025
0.0542

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Наставниците штрајкуваат, Груевски и Мијалков на црната листа на САД, се појави видео од претепувањето на Тот

Објавено во: Македонија 11 Април, 2022 21:34

Добивај вести на Viber

НАСТАВНИЦИТЕ ШТРАЈКУВААТ

Генерално немало проблеми, но во градинките има некои случаи каде има притисок да се прифаќаат децата. Јаким Неделков, претседател на СОНК вели дека не биле одбиени родителите, но дека нема можност да се ангажираат дополнителни наставници и воспитувачи за да не се нарушува воспитно образовниот процес и затоа, како што вели, законот треба да се смени во тој дел. Од денеска почна штрајк во дејностите образование и детска заштита. 

„Евентуално, ако имало конфликтна ситуација или вршење притисок врз оние што штрајкуваат да мора да се прифаќаат децата.  Ние рековме дека штрајкувачите ќе бидат во посебна просторија. Одговорноста за прифаќање на учениците односно на децата во градинките ќе биде на директорите. Не може по секоја цена или со сила да ги приморуваат штрајкувачите да прават тоа што не треба да прават за време на штрајкот, додаде Неделков.

ГРУЕВСКИ И МИЈАЛКОВ СЕ СТАВЕНИ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД

САД ги смести eкс премиерот Никола Груевски и екс шефот на УБК, Сашо Мијалков на американската црна листа. 

Американскиот Стејт департмент ги стави на црна листа поранешниот премиер и Мијалков, заедно со семејствата.

Како што се наведува, тие се црната листа поради корупција, односно нивните дела го поткопуваат владеењето на правото, демократските институции, јавните процеси и јавната доверба во владата.

СЕ ПОЈАВИ ВИДЕО ОД ПРЕТЕПУВАЊЕТО НА ТОТ

На интернет се појави снимка од надзорните камери, на кои се гледа трагичниот настан пред клубот „Привилиџ“ во Скопје, во кој до смрт беше претепан хрватскиот ракометар Денис Тот. 

Од снимката јасно се гледа дека младиот ракометар е крвнички претепан пред клубот.

TРИ ГОДИНИ ЗАТВОР ДОБИ ВОЗАЧОТ КОЈ ЈА УСМРТИ ВИКТОРИЈА

Јордан Ѓорѓиев, возачот кој ја усмрти Викторија Николова кај Скопје Сити Мол, доби затворска казна од три години, одреди Кривичниот суд во денешната одлука. Олеснителна околност за него е дека го признал делото, изртазил каење и бил млад со 23 години, како и дека не бил осудуван до сега и дека се уште е студент.

ЌЕ ИМА ОДЛУЧНА БИТКА ЗА ДОНБАС ВО УКРАИНА

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најави одлучувачка битка во војната во Донбас, каде што се концентрирани голем број војници и опрема.

На прес-конференција по разговорот со австрискиот канцелар Карл Нечамер, Зеленски рече дека тоа ќе биде тешка битка и дека верува во победата на Украина.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

За 3 до 5 години Македонија ќе има сериозен недостиг на работна сила, вели Зоран Кочоски од Коузон, коментирајќи го фактот дека просечната возраст во земјава според пописот е 40.08 години.

Галопирачкиот раст на цените го изеде растот на платите во земјава. Иако официјално и статистички забележан е раст на платите, зголемувањето на трошоците за живот е поголемо, па излегува дека платите всушност се намалени

Државата и оваа година ќе се задолжува за проекти кај меѓународните кредитори, според програмата за работа што ја објави Владата за 2022, а најголемиот кредит треба да се подигне за железничкото поврзување со Бугарија.

Од ден на ден се повеќе се намалува бројот на новозаразени граѓани со корона вирусот, па во моментов активни случаи во Македонија има 1.381, од кои најголемиот број се во Скопје, односно 712. 

Македонија даде целосна поддршка на западните сојузници од санкции против Русија до помош за Украина. Но, и покрај докажаното сојузништво се уште не добиваме членство во ЕУ и сме заложници на Бугарија. Каква надворешна политика ни е потребна во вакви услови. Дали тоа што источниот сосед има стратешка позиција на Црното Море ги прави и натаму „милениче“ на Западот на сметка на интересите и позициите на Македонија?

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки