ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нема прогласување на вонредна состојба, се чекаат резултати за 7 сомнителни
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Март, 2020 20:00
ВО МАКЕДОНИЈА ЗАСЕГА НЕМА ПРОГЛАСУВАЊЕ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА
Претседателот Стево Пендаровски вечерва по Советот за безбедност изјави дека заклучокот за Дебар и Центар Жупа е дека има одлична соработка меѓу институциите.
Вели дека поставеноста на државата во овој момент е соодветна.
За заразените наведе дека епод потребен здравствен мониторинг.
Ако има потреба, може да се препорача прогласување кризна состојба и во други општини.
Вели дека не треба да се избрзува со прогласување на кризна состојба.
Додаде дека дури и без вонредна состојба, може да се ограничи движењето на граѓаните од една во друга оппштина.
„Прва, основна причина е дека нема потреба и второ јасно е секаде во светот за жал, кризата ќе трае. Кризата не е тука за недела, или две“, изјави претседателот.
Рече дека се мобилизирани максимално кадрите во здравството.СЕ ЧЕКААТ РЕЗУЛТАТИ ЗА СОМНИТЕЛНИ СЛУЧАИ
Нема нови дијагностицирани од коронавирус a во овој момент се тестираат седуммина пациенти со симптоми на грип.
Првата пациентка е испуштена на домашно лекување, а сите кои биле во контакт со неа се здрави покажале тестовите, соопшти министерот Венко Филипче на прес конференцијата.
Непроменета е состојбата на сите други 18 пациенти , од кои 13 се на инфективната клиника, а пациентката која е на респираторната машина е стабилна.
Добра е состојбата на пациентите во Дебар, со добра клиничка слика се сите тие и се на домашно лекување.
Во овој момент се тестираат седуммина пациенти тројца се од Дебар и тие имаат симптоми на грип, двајца пациенти во Штип и двајца кои се на Инфективна, тие четворица се со анамнеза дека патувале во Австрија и Германија во изминатиов период, кажа министерот.
СЕ БАРА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕХристијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска побара одложување на предвремените парламентарни избори и свикување на лидерска средба. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, истовремено рече дека за ваква одлука треба да се почека, бидејќи кризата може да заврши до 12 април.
- За тоа треба да се донесе заедничка одлука. Тоа ќе разгледаме заедно, бидејќи треба да се процени и каква ќе биде штетата ако се одложат изборите а во меѓувреме кризата заврши. Кога ќе се стабилизира состојбата, тогаш би можеле да се одржат изборите. Треба да се види и какви би биле економските штети доколку се одложат изборите. Како и да е, заедно да го дефинираме ставот за потребата од одложување на изборите, а потоа и заедно да одлучиме за новиот датум, рече Заев.
ГЕРМАНИЈА ЗАТВОРА СЕ, A ВО САД СЕ ТЕСТИРА ВАКЦИНА
Во Германија ќе работат само маркети, пазари, банки и аптеки.
Се затвораат кафулиња, клубови, театри, музеи, и цркви за да го забават ширењето на коронавирусот.
Рестораните и другите објекти за јадење ќе бидат отворени помеѓу 6 и 18 часот.
Целта на властите е ограничување на социјалните контакти на јавни места како одговор на епидемијата на коронавирусот во Германија.Првите тестови за испитување на потенцијалната вакцина за спречување на КОВИД-19 започнаа денеска, потврдија здравствените власти на САД.
Да се најде „безбедна и ефикасна вакцина“ за да се спречи инфекцијата од новиот коронавирус „е итен приоритет на јавното здравство“, рече д-р Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести.
Првата фаза започна рекордно брзо, и таа е чекор кон крајната цел.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Во тек е изготвување на е-платформата во Општина карпош во сите 10 училишта со наставници кои предаваат во 9 оддление, а се работи во согласност со насоки од Бирото за развој кое изготвува скратен наставен план програма, како и во коодринација со Министерството за образование.
-Само со ваква платформа може успешно да се реализираа оваа скратена програма, а учениците да не бидат оштетени.Градежните компании не ја стопираа својата работа, а такво нешто засега не е ни побарано од властите во форма на препорака или одлука.
На секој чекор можат да се забележат градилишта кои функционираат под полна пареа.
Тоа не е забрането, барем според досегашните мерки на Владата.Службата за општи и заеднички работи на Владата на РСМ не го користела ГПС-системот за зледење на користењето на владините возила, а нереализираната препорака која ја нотира државниот ревизор во својот најнов извештај.
На вонредна седница која денеска се одржала електронски Народнат абанка ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени односно на нивото од 1,75 проценти. Од централната банка соопштуваат дека ова е второ намалување на каматната стапка оваа година, по намалувањето во јануари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени





