24 Јануари, 2025
0.0281

ГРАДЕЛЕ ГОЛЕМИ КУЌИ, А СЕГА ИСТИТЕ ЗЈААТ ПРАЗНИ: Постарите не ни замислувале дека ќе дојде ден кога младите масовно ќе се иселуваат

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Многу македонски граѓани граделе големи куќи со цел да имаат доволно простор за нивните деца и внуци, а тој имот денес е празен, затоа што младите се иселуваат во странство во потрага по подобар живот.

Во сите краеви на Македонија има куќи со голема квадратура, на два или три ката, но тие стојат празни. Нивните газди се во европските земји каде постојат многу можности за заработка и напредок.

„Има многу празни куќи во Берово. Секој си планирал за децата и градел. Сега има многу млади луѓе што живеат во Скопје или во странство“, вели Вера Кочевска, жителка на Берово.

Постарите сведочат дека и во минатото не било лесно да се изгради куќа, и морале да се откажат од многу задоволства, за да им остават имот на идните поколенија.

„Има празни куќи, а има и куќи на два ката, при што од децата едното е тука, а другото во странство. Има и празни станови, а сопствениците се во Германија, Швајцарија. Родителите си планирале дека децата ќе останат со нив. Можеби некои се каат затоа што инвестирале во недвижнините, а сега децата им се иселени.  Некој штедел цел живот, се откажувал од многу работи, не одел по одмори за да ја среди куќата. Не се шетале, граделе за децата. Од многу задоволства се откажувале“, рече Данче Даскаловска, пензионерка и претседателка на Здружението на пензионери од Струмица.

Гостиварчани велат дека во нивниот град ретко може да се види мала куќа, повеќето се големи и убави, но има и доста празни.

„Во Гостивар има многу празни куќи, станови. Младите се во странство, во Германија, Швајцарија, Италија. Има куќи палати, овде нема мала куќа, средени се, ама во поголем дел од годината се празни. Само летно време или во зима, по 10 дена луѓето се тука и тоа е тоа. Порано, но сега градат тие што имаат пари“, објаснува гостиварец.

Социологот Татјана Филиповска додава дека во прашање е менталитет, но и потребата од долгорочна сигурност која ја бараат младите.

„Тоа е менталитетот наш македонски, да се ускратува за децата. Постојано се штеди за децата. Од сите мали места има иселување. Младите ако не се во странство, се во Скопје. Парите ги инвестираат во станови. Тоа е резултат на економската состојба, односно несигурноста за иднината“, изјави Филиповска.

Пописот од 2021 година покажа дека во Македонија има многу празни станови.  Од вкупно 839.174 станови, 531.987 станови или 63,4 проценти се населени, а 307.187 станови или 36,6 проценти се ненаселени. Една третина од становите во сите големи градови во државата се празни. Куманово, кој е втор по големина град во земјава со 98.104 жители има околу 12.500 празни станови или 33 проценти од вкупниот број. Исто како него е и Битола, која со 85.164 жители е трет по големина град во земјава и има над 16.000 празни станови или 36,7 проценти. Слично е и во останатите големи градови во земјава, така што Тетово (84.770 жители) има 9.747 празни станови или 32,3 проценти.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/4045

Можеби ќе ве интересира

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

Тримесечно бебе пронајдено починато

Тримесечно бебе пронајдено починато