ПРЕД СРПСКАТА АМБАСАДА: Граѓани излегоа за поддршка на Вучиќ
Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2025
Граѓани денеска се собраа пред амбасадата на Србија да дадат поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тие укажаа дека Србија често помагаше на Македонија.
„На овој мирен собир сакаме да испратиме порака до сите мирољубиви луѓе дека никој и ништо не може да ги наруши меѓународните добрососедски и братски односи помеѓу нас Македонците и Србите“, изјави Маја Денковска, претседателка на Здружението „Мир, слога, стабилност“.
Таа потсети и на поддршката во екот на пандемијата кога Македонија доби вакцини од Србија и кога нашите сограѓани можеа да се вакцинираат во ова држава, без притоа со ништо да не бидеме условувани.
Денковска рече дека ние како две земји имаме исти заложби, а тоа е образованието и развојот на нашите деца кои се нашата светлост и иднина.
фото принтскрин