24 Јануари, 2025
0.0287

МАКЕДОНИЈА ЗАГУБИ ВРВЕН СПЕЦИЈАЛИСТ ИНТЕРНИСТ, ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГ: Почина д-р Лилјана Пренџова

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

На 62 години, вчера, почина др Лилјана Пренџова специјалист интернист, гастроентерохепатолог, лекарка со долгогодишен работен стаж во јавното и во приватното здравство како и прва со специјализација за гастроскопија и ентероскопија како во велешката болница така и во приватна амбуланта во Велес и во Македонија, објави локалниот портал duma.mk.

Др Пренџова е родена на 2 април 1962 година во Велес. По гимназиското образование во родниот град таа се запишува на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ чиј дипломец е во генерацијата 1986/87 година.

Работниот век на др Пренџова започнува во Итна помош на тогашниот Здравствен дом во Велес. По едногодишна работа, поради потребата од лекари специјалисти на Интерно одделение во велешката Општа болница, примена е на работа на ова одделение, со определба за специјализација на интернистичката гранка гастрентерохепатологија.

Др Пренџова заедно со уште три тогаш млади лекарки ја добива специјализацијата во 1993 година и за четири години, поточно во декември 1997 година, ја завршува со што таа е првиот интернист со ваква специјалност во Велес додека пациентите добиваат можност за дијагностика и лекување на болести на органите од системот за варење на храната како што се хранопроводник, желудник, црева, црн дроб и панкреас. Др Пренџова е првата специјалистка која во родниот град ги прави прегледите гастроскопија и колоноскопија.

Лекарката е исто така и прва сопственичка на Приватна здравствена установа „Др Лилјана Пренџова“, која минатиот месец одбележа јубилеј од 15 години, инаку специјализирана за ваков вид на интернистички прегледи, голем дел од нив превентивни но и голем број со дијагностика на појавени болести. Нејзини пациенти беа велешани како и граѓани од повеќе градови во внатрешноста на државата.

Додека работи, лекарката, исто така се едуцира и посетува школи за усовршување на дијагностика и лекување на болести но и го пренесува сопственото искуство на голем број колеги од оваа медицинска гранка.

Др Лилјана Пренџова беше сопруга, мајка на два сина и баба на еден внук.

Посмртните останки на др Лилјана Пренџова ќе бидат изложени во капелата на новите гробишта во Раштани, утре, 11 јануари, во 13:00 часот, додека погребувањето ќе се одржи во 13:30 часот.

Сочуство до семејството и пријателите.


Можеби ќе ве интересира

ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДУВА ИСКАЗИТЕ И СНИМКИТЕ - комплетиран полицискиот извештај за падот на ученикот од Прилеп

ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДУВА ИСКАЗИТЕ И СНИМКИТЕ - комплетиран полицискиот извештај за падот на ученикот од Прилеп

МЕРКО НЕ ЧУСТВУВА ВИНА ЗА СПОМЕН ПЛОЧАТА - му се судеше и за незаконско поставување директори, но не и за „Аудито“

МЕРКО НЕ ЧУСТВУВА ВИНА ЗА СПОМЕН ПЛОЧАТА - му се судеше и за незаконско поставување директори, но не и за „Аудито“

СТОИЛКОВИЌ ВЕЛИ ДЕКА ЏИП НА МИНИСТЕРСТВОТО БИЛ ОСТАВЕН НА СЕРВИС: Објасни дека сега личи на „искубана кокошка“

СТОИЛКОВИЌ ВЕЛИ ДЕКА ЏИП НА МИНИСТЕРСТВОТО БИЛ ОСТАВЕН НА СЕРВИС: Објасни дека сега личи на „искубана кокошка“

НЕ БИЛО ЗЕЛКА, ТУКУ КЕЉ: Инспекторатот за земјоделство изврши 20 вонредни контроли, забранети пестициди не се откриени

НЕ БИЛО ЗЕЛКА, ТУКУ КЕЉ: Инспекторатот за земјоделство изврши 20 вонредни контроли, забранети пестициди не се откриени

МИЦКОСКИ: Македонското прашање нема да биде затворено додека земјата не стане членка на ЕУ

МИЦКОСКИ: Македонското прашање нема да биде затворено додека земјата не стане членка на ЕУ

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе северозападниот дел

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе северозападниот дел

„НА РАБОТНИКОТ НИКОЈ НА МУ ПЛАЌА ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Мециновиќ вели Собранието со претвара во Зоолошка кога ќе се спомене темата

„НА РАБОТНИКОТ НИКОЈ НА МУ ПЛАЌА ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Мециновиќ вели Собранието со претвара во Зоолошка кога ќе се спомене темата

Почина проф. д-р Васил Мицевски – истакнат физичар и долгогодишен професор на ПМФ

Почина проф. д-р Васил Мицевски – истакнат физичар и долгогодишен професор на ПМФ

Еко-автобусите што ни ги донираше ЕУ два месеци се во гаража и не се користат

Еко-автобусите што ни ги донираше ЕУ два месеци се во гаража и не се користат