26 Април, 2024
0.0289

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Охрид го задржува статусот на УНЕСКО, oва е последен аларм

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

ОХРИД ГО ЗАДРЖА СТАТУСОТ НА УНЕСКО

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во своето обраќање на сесијата на Комитетот на УНЕСКО изјави дека му е драго што Охридското Езеро и регионот ќе имаат можност да го задржат својот статус. 

Тој вели дека сега е време да се спречи во иднина да не дојде до една ваква ситуација. 

„Ќе имаме време за да ја комплетираме заштитата на ова неверојатно природно и културно светско наследство, но ова значи дополнителна одговорност“, истакна  Нуредини. 

Министерот Нуредини ги повика сите чинители, приватниот сектор, локалната самоуправа, сите граѓански организации, да соработуваат и да го дадат својот придонес кон заштитата на езерото и целиот регион.

НОВИ 24 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Регистрирани  се 24 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 156.078

Оздравени се 6 пациенти – нема пријавено починати лица.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

• Во последните 24 часа се направени 4.133 тестирања, а регистрирани се 24 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 6, Тетово – 5, Куманово – 3, Прилеп и Кичево – по 2, Битола, Охрид, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар – по 1.

МНР ЌЕ КОРИСТИ ТРОТИНЕТИ И ВЕЛОСИПЕДИ

Зелената дипломатија е новото нормално, напиша на Фејсбук, шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи. 

„Обезбедивме тротинети и велосипеди кои ќе ги користат вработените на министерството, со што ќе се спречи загадувањето на воздухот“, напиша Османи.

Османи, денеска на обезбедувањето на велосипеди и електрични тротинети за вработените на МНР, ги проба овие превозни средства. 

КОСОВСКИ АВТОБУС СЕ ПРЕВРТЕ ВО ХРВАТСКА

Приведен e возачот на автобусот oд Косово кој се преврте кај Славонски Брод во Хрватска, бидејќи признал дека задремал на воланот. 

Обвинителството констатира дека автобусот од Приштина кој патувал од Франкфурт за Приштина, излетал на тревнатата банкина на јужната страна од коловозот.

„Возачот на автобусот е затечен на лице место и е приведен. Се собираат докази врз основа на кои ќе му биде поднесена кривична пријава“, велат од обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот