ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oхриѓанец починал од британскиот сој на коронавирусот, денес 325 нови заразени
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Јануари, 2021
ОХРИЃАНЕЦ ПОЧИНАЛ ОД БРИТАНСКИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ
Британскиот сој на коронавирусот однесе жртва во Македонија.
Човек на возраст од 46 години од Охрид е првата жртва на британскиот вид на коронавирус. Министерот за здравство Венко Филипче ја потврди веста за „Фокус”. Вели дека кај пациентот постоел ризик фактор – обезност. Деновиве беше соопштено дека овој вид на коронавирусот е детектиран во Македонија. И во регионот веќе е потврдено присуството на овој вид на коронавирусот.
ДЕНЕС 7 ЖРТВИ И 325 НОВИ ЗАРАЗЕНИМинистерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.589 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 151, Тетово – 27, Кавадарци – 17, Охрид – 16, Велес – 14, Куманово – 13, Делчево – 11, Битола - 9, Струга - 9, Гевгелија – 8, Гостивар – 6, Демир Капија – 6, Штип – 5, Радовиш – 4, Берово – 4, Прилеп – 3, Струмица - 3, Кичево - 3, Неготино - 3, Ресен – 3, Кратово – 2, Крушево – 2, Македонски Брод – 2, Кочани – 1, Свети Николе – 1 , Крива Паланка – 1, Демир Хисар – 1.
Регистрирани се 479 оздравени пациенти од:
Скопје – 358, Охрид - 46, Струга - 13, Струмица – 11, Прилеп - 11, Кавадарци – 9, Куманово – 5, Велес – 5, Гостивар – 4, Битола – 3, Кичево - 2, Ресен - 2, Радовиш - 2, Пробиштип - 2, Крушево – 2, Штип - 1, Дебар - 1, Демир Капија - 1, Неготино – 1.
Починати се 7 лица, 2 пациенти од Скопје (89 и 79г), двајца од Охрид (80 и 89г) и по еден од Гостивар (62г), Струга (85г) и Пробиштип (70г).ЗА ДЕМНЕЊЕ ЌЕ ИМА ПАРИЧНИ, НО И ЗАТВОРСКИ КАЗНИ
Парични, но и затворски казни ќе следуваат доколку некој ве демне.
Најавени се законски измени во врска со случајот „Јавна соба“.
Денеска се презентирани законски измени подготвени од Министерството за правда во кои ќе биде додаден термин „Демнење“, со што ќе биде воведено и ново дело кое ќе биде дополнителна заштита, соопшти Министерството за правда. Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретна со една од девојките жртви на групата „Јавна соба“.
Во Кривичниот законик се додава член 144 а - во кој се вметнува терминот „демнење“ кој се објаснува на повеќе начини: подолго време неовластено следење, прогонување или друг начин на мешање во личниот живот на друг, злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на телекомуникациски или други средства за комуникација и сето ова да предзивика чуство на несигурност, став, вознемереност, сооопштија од Министерството за правда. Велат дека со измените се предвидуваат парични казни, но и казна затвор до три години.
МВР ја затвори групата, но соопшти дека во меѓувреме следи слична група на социјалната мрежа.РЕАКЦИИ ЗА ПРОТЕСТОТ ЗА „МОНСТРУМ“
Познатиот ракометар Стојанче Стоилов на Фејсбук го коментира протестот за „Монструм“ кој вчера се одржа во главниот град, и вели дека во државата има двојни аршини, едни за Македонците, а други за Албанците.
Како пример ги наведе фрлањето по крстот во Охрид за Водици и карневалот во Вевчани каде имаше санкционирани граѓани.
„Охрид санкционирани дечките што скокале по крстот, Вевчани за карневалот специјалци насилно ги разби луѓето... поради короната. А ова се случува во главниот град Скопје за време на корона... епа најверојатно за Албанците важат други закони. Друго нема, а и не е првпат!!! Ало Влада на Република Македонија, Министерство за внатрешни работи има некој?!!!“, пишува Стоилов.БОНЕВА ТВРДИ ДЕКА ДОБИЛЕ НА ЛОТО И ТАКА КУПИЛЕ СТАН ВО СКОПЈЕ
Станот во Скопје на синот на поранешната пратеничка од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Силвана Бонева, не бил купен од пари од нејзините патни трошоци ниту пак со криминални пари, тврди таа за ,,Фокус”.
Бонева информира дека станот чинел 97.200 евра, а е платен со парите од премијата на лото која ја добил нејзиниот сопруг, со неговата животна заштеда, со пари од осигурителна компанија како надомест за штета за сообраќајка, пари од продажба на наследена нива, како и парична помош од нејзиниот татко.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Македонците кои земаат бугарски пасоши, се заведени дека живеат на фиктивни адреси во соседна Бугарија, во Софија, Ќустендил, Благоевград или некоја друга општина.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.