ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите негодуваат за избори, а короната однесе уште два животи
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Мај, 2020
И ДЕНЕС РАЗЛИЧНИ СТАВОВИ ОКОЛУ ДАТУМОТ ЗА ИЗБОРИ
Зоран Заев, претседателот на СДСМ, на денешната прес-конференција рече дека Државната изборна комисија донел одлука да го прифати ажурираниот Избирачки список со кој ќе може да се оди на предвремени парламентарни избори во јуни.
- ДИК да носи одлуки со консензус, четворица се од власта, петтиот од БЕСА, од седум члена. Ако треба да се надгласуваме, ќе ги победиме. Тоа не е добро. Еве ја одлуката, веќе ја донесоа. Јавно е достапна дека ги прифаќаат сите процеси и протоколи. МВР треба да достави комплетно ажуриран список до 21 јуни и ДИК мора да го потпише и објави, рече Заев, покажувајќи го документот.
Тој рече дека на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски поддршка за избори на 26 јуни добил од ДУИ и Али Ахмети, опозиционата БЕСА и ДПА, додека Алијансата за Албанците била за гласањето да биде на 21 јули.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски им посака среќа на СДСМ ако одлучат да одат на избори во јуни, без да одговори конкретно дали ќе ги бојкотира тие избори, во гостување на ТВ Сител.
„Ако одлучат да одат во јуни на избори, со среќа нека им се тие избори”, изјави Мицкоски.
На новинарското прашање дали тоа значи дека нема да одат на избори, Мицкоски само повтори: „Со среќа нека им е, тоа можам да им посакам”.OД КОРОНАВИРУСОТ ПОЧИНАА УШТЕ ДВАЈЦА
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес - конференција изјави дека денеска имаме 50 оздравени пациенти од Ковид 19.
Има починати двајца, еден од Скопје на 78 години и пациент од Тетово на 77 годиншна возраст. Има и нови 22 заболени од коронавирусот.„За неколку дена од 14 мај се направени 908 тестови на вработени во градинките“, вели министерот.
Додаде дека продолжува скринингот по другите ризични групи работници и граѓани.
Парична награда ќе има за сите кои помогнале во справување со пандемијата.ПОВРАТНИЦИТЕ ОД СТРАНСТВО НЕМА ДА ОДАТ ВО ДОМАШНА ИЗОЛАЦИЈА
Владата на денешната седница го прифатила предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство со кој патниците од странските земји кои влегуваат на територијата на земјава, по завршување на временскиот период од 21 ден или 14 дена во задолжителен државен карантин, веќе нема да бидат упатувани на дополнителна домашна самоизолација.
Ова го соопшти премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил.ЗАЕВ ТВРДИ ДЕКА СИНОТ НА ВЕРУШЕВСКИ ТАЈНО ГО СНИМАЛ
Зоран Заев, претседателот на СДСМ, на денешната прес-конференција изјави дека Александар Верушевски, синот на разузнавачот Зоран Верушевски, го снимал тајно на ручек кај него на гости во Струмица пред четири години.
Тоа е всушност објавениот разговор од 2016 кој изминатиот период беше објавен како аудио-запис во кој Заев ги искажува своите ставови за невладините организации. Заев вели дека свиркачот е синот на Верушевски.
„Тоа не беше пред сто години, беше пред четири години. Сега знам дека тоа беше Александар Верушевски“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.