ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите ветуваат повисоки плати и пензии, но имаме и нови 176 заразени
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 28 Јуни, 2020
ПАРТИИТЕ ТРГНАА ВО „ЛОВ“ НА ГЛАСОВИ
СДСМ ветува повисоки плати, доколку добие шанса за нов мандат.
Минималната плата до 2024 година, односно до завршување на новиот мандат на СДСМ, ќе изнесува 20.000 денари, а просечната ќе достигне 34.000 денари, најави лидерот на владеачката партија Зоран Заев во денешното обраќање од Штип.
Заев најави и зголемување на пензиите, согласно трошоците за живот, па најниските, како што рече, ќе бидат поголеми за 21 отсто до крајот на новиот мандат на СДСМ.Петар Богојески денеска во Охрид го реафирмираше минатогодишниот проект од Македонски концепт за изградба на автопат Велес - Прилеп - Битола – Охрид.
Насер Зибери, кандидат за премиер на ДУИ вели дека ќе се залага за решавање на нееднаквоста во приватниот сектор.
„Во многу домашни компани припадниците на помалите заедници уште нема можност да се вработат, односно во голем број претпријатија уште постои нееднаквост и дискриманиција“, рече Зибери.
Изјави дека оваа ќе биде едно од многуте прашања што тој како прв премиер Албанец во земјава ќе ги решава.НОВИ 176 ЗАРАЗЕНИ И 9 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС
Во последните 24 часа регистрирани се 176 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 870 тестa, објави на Фејсбук, министерот за здравство, Венко Филипче.
Распоредени по градови:
Скопје – 61
Тетово – 22
Струга – 19
Штип – 14
Охрид – 14
Куманово – 8
Гостивар – 7
Кичево – 6
Прилеп – 5
Велес – 5
Ресен – 5
Битола – 3
Кочани – 2
Струмица – 1
Демир Хисар – 1
Дебар – 1
Пехчево – 1
Пробиштип – 1
УТВРДЕНИ ПРОТОКОЛИТЕ ЗА ГЛАСАЊЕ
Утврдено е како ќе се гласа на изборите на 15 јули.
Државната изборна комисија денеска ги утврди задолжителните препораки за заштита од Ковид-19, за денот на гласањето за претстојните парламентарни избори.
На 15 јули нема да може да се гласа без заштитна маска. Секој гласач е должен да држи растојание од 1,5 до 2 метра пред објектот и влезот на самото гласачко место. Пред влегување и на излегување од гласањето, граѓаните ќе мора да ги дезинфицираат рацете.
Гласачите не треба да носат заштитни ракавици. Тоа е задолжително за членовите на избирачките одбори.
ДИК е должна пред и после завршувањето на гласањето во просторите да го дезинфицира секое избирачко место.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Некогаш политичките пропаганди спотови беа свежи и авангардни. Се сеќавате на девојката која помина една вечер со дечкото во портокаловата маица. Или пак на провокативната кампања "Се палам на Стефчо". Овој пат, грото од партиските спотови се досадни и веќе видени, неинспиративни.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.